23 Ноември, 2024
0.0339

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

СКОПСКО и Амфора го ослободија Охридското Езеро од „мрежите духови. Акцијата, која се одвиваше од 1-ви до 4-ти октомври во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“, се фокусираше на вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото.“  Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно3856 метри мрежа, а иститебеа презентирани во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во акцијата учествуваа 4 нуркачи, во 98 изведени нуркања со вкупно време на нуркање од 73ч 38 мин.

Втората нуркачка акција за чистење на Охридското Езеро е организирана од СКОПСКО во рамките на платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност.“

„Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. Овие рибарски мрежи со години се таложеле на дното на езерото, претставувајќи закана за биодиверзитетот и заштитените видови што живеат во ова уникатно природно богатство Со платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност.“, СКОПСКО се стреми да направи значителни промени во начинот на кој се грижиме за нашите природни ресурси. Охридското Езеро е наше национално богатство, и нашата цел е да го зачуваме чисто и безбедно за идните генерации,“ вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Мрежите духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми, овие мрежи претставуваат значителна закана за кревките екосистеми на Охридското Езеро.  Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија.

Со оваа акција, СКОПСКО и Амфора го покажаа својот заеднички ангажман во зачувувањето на природното наследство на Македонија.

 „Горди сме што сме дел од оваа иницијатива, која има за цел да го зачува Охридското Езеро и неговите ендемски видови. Со заеднички сили успеавме да отстраниме значителен дел од „мрежите духови“ кои претставуваа закана за живиот свет во езерото. Ова е важен чекор кон обновување на подводниот екосистем,“ вели Јован Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.

Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад“, како и нула емисии на CO2 до 2040 година.

Како компанија ориентирана  кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.,“ ќе продолжи да дејствува во доменот на заштита на животната срединаи ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол