Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар
Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2024
Адора инженеринг, градежен бренд кој постои 22 години, започнува со изградба на нов станбеноделовен комплекс Порта Скопје by Adora, во Општина Центар-Скопје, каде ќе се возобнови и реконструира дел од едно од најстарите скопски маала Крњево, што досега беше ругло во центарот на главниот град. Градежното земјиште на улица Беласица бр.1, кое е во сопственост на Адора инженеринг повеќе од 20 години, досега нелегално и бесплатно се користеше за диво паркирање на бројни автобуси, автомобили и други возила, беше преполно со смет, шприцеви и други пластични и хемиски супстанци, кои компанијата еднаш во неделата го чистеше на своја добра воља.
Во 2012 година, со донесениот ДУП од Општина Центар, на спомнатата градежна парцела, беше предвидена изградба на објект со 57.500 m², што потоа се намали за околу 24.000 m². Сега, на околу 33.700 m² бруто развиена површина, наместо првичните 300, се проектирани 193 станови, што е 60 % од објектот, а останиот дел е предвиден за изградба на деловни простории, според сите законски прописи и стандарди. За потребите на сопствениците и станарите, објектот ќе располага со 317 паркинг места за автомобили на партер и 2 подземни нивоа и со 408 паркинг места за велосипеди, што е прв ваков пример кај нас.
Со ДУП донесен за Општина Центар во 2012 година, големината на овој објект е намалена за околу 40 %, со што центарот на Скопје во месноста Крњево, ќе добие еден современ и еко станбено-деловен објект со сообраќајно решение и 20 % зеленило. Од Адора инженеринг изразуваат жалење за негативната кампања и говорот на омраза во врска со нивниот најнов проект, што се појави во поедини медиуми од одредени извори, и потенцираат дека сепак, тоа е поттик овој изразено запуштен дел во центарот на Скопје, да го претворат во пријатно место за хумано живеење за граѓаните.
Од Адора велат дека овој домашен инвестициски проект со финансиски обрт од 100 милиони евра, ќе отвори стотици нови вработувања во државава, во работниот процес ќе се ангажираат и голем број компании, кои ќе имаат значајни придобивки од инвестицијата и дека секој економски параметар ќе биде во полза на македонската економија, што не е секогаш случај. Просторот каде што ќе се гради станбено деловниот комплекс, ќе има повеќе зеленило отколку што сега има асфалт, додаваат од Адора инженеринг, порачувајќи дека тие сеуште веруваат дека во Македонија владеат законите и единствено што бараат е само рамноправност во бизнисот со странските инвеститори.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.