26 Јуни, 2024
0.0263

Светските акции продолжуваат да паѓаат

Објавено во: Свет 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Глобалните берзи вчера забележаа пад на акциите, откако над економијата над Кина се надвиснаа нови сиви облаци кои покренаа масовна продажба на акции на хонконгшката и њујоршка берза и стравувања дека светскиот економски раст ќе забави.

Индексот на управување на набавка (ПМИ) за преработувачкиот сектор на Кина во август паднал на тригодишен минимум од 49,7 посени, што е најнов показател на забавување на растот на втората по големина светска економија.

Најновите податоци, како мерило на активности во кинеските фабрики и работичници, се полоши од јулските 50 поени, и тоа е прв пад на преработувачката активност во Кина од февруари. Податоците над 50 поени укажуваат на јакнење на сектроската активност, а п0д 50 поени на нејзиното слабеење.

Шангајскиот индекс падна 1,23 одсто, токискиот 3,84 одсто, сиднејскиот 2,12 одсто, а хонконгшкиот 2,24 одсто.

Лондонскиот индекс FTSE 100 потона 3,03 одтсо, парискиот КАК 40 2,40 одсто, а франкфуртскиот DAKS 30 2,38 одсто.

Еврото на валутната берза зајакна на 1,1256 од 1,1213 долари, колку што вредело синоќа во Њујорк.

На Волстрит индустриските индекси Дав Џонс и S||P 500 паднаа околу два одсто, а технолошкиот Nasdak 1,46 одсто.

Растот на глобалната економија веројатно ќе биде помал од првичниот најавен поради бавното опоравување на развиените држави и додатно забавување на земјите во развој, соопшти директорката на ММФ Кристин Легард.

ММФ во јули прогнозираше раст на глобалната економија од 3,3 одсто за оваа година, благо под минатогодишниот раст од 3,4 одсто. Според зборовите на Легард, економијата на Кина забавува, но не се работи за остар пад или нешто неочекувано, иако економијата на таа земја се прилагодува на новиот модел на раст.

Можеби ќе ве интересира

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви