28 Септември, 2024
0.0250

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ: Драматичен раст на продажбата на телевизори!

Објавено во: Анализа 11 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Бразилските трговци се подготвуваат за Светското фудбалско првенство така што складираат резерви на телевизори. Производителите продале вкупно 3,3 милиони телевизори во земјата во првиот квартал на годинава, што е за 57% повеќе во однос на истиот период една година порано. Ова го покажуваат податоците на компанијата за истражувања NPD Group. Ова е редок светол зрак за производителите на телевизори, пишува BusinessWeek. Како производителите, така и трговците, гледаат силна врска помеѓу големите натпревари и големите телевизори. Луѓето кои земаат телевизори пред голем спортски настан, често плаќаат помалку отколку што би платиле во друго време од годината. Многу од трговците нудат значителни попусти, а традиционално јануари е месец во кој можете да набавите телевизор по најниска цена. Речиси една четвртина од Американците, кои поседуваат HD телевизори, ги купиле со конкретна цел - да се гледа Super Bowl, покажува истражувањето спроведено минатата година од Consumer Electronics Association. Продажбата на телевизори во регионот се зголемила за 30 отсто во 2010 година, а тоа е пред сè поради подобрувањето на глобалната економија во исто време., но и Светското првенство, кое се одржа во Јужна Африка во истата година, одигра клучна улога во стимулирање на продажбата на телевизори во Латинска Америка. Со оглед на релативната економска слабост на регионот во моментов, износот на зголемувањето на продажбата оваа година е мало изненадување. Многу од телевизорите, продадени во Бразил, всушност се релативно евтини плазма уреди кои не покажуваат HD програми. Всушност приходите од продажба на плазма телевизори се намалија со речиси 60% во периодот 2010-2013 година, покажуваат податоците на IDC. Важен детал од истражувањето е дека е пријавена продажбата на телевизори кон трговците, а не продажбата кон самите фудбалски навивачи. Џејмс Флоус, CFO на Corning, компанија која изработува стакла за телевизиските екрани, упати предупредување до инвеститорите претходно оваа година, за да ги омекне нивните очекувања. Според него влијанието на медиумската потрошувачка се зголемува, но останува пониска од она што инвеститорите сакаат да биде. Генот тврди дека самите продавници купуваат повеќе телевизори од очекувањето, кое може да е знак дека трговците процениле колку телевизори ќе бидат продадени. Во март продажбата на мало во Бразил опадна, што веројатно не навестува ништо добро за оние кои се надеваат да добијат од Светското првенство и манијата околу него. К.К.