17 Мај, 2024
0.0286

Светското првенство засега во полза на обложувалниците, типувачите губат повеќе

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Моментумот на Светското првенство е најинтересниот период за фановите на обложувањето, кога уплатуваат дури и оние кои вообичаено не се заинтересирани за тоа. Според поискусните уплатувачи на тикети, но и според раководните лица на обложувалниците, резултатите од тековниот Мундијал одат уште повеќе во прилог на обложувалниците, наспроти очекувањата кај „среќните добитници“.

- Резултатите се непредвидливи на овој светски шампионат и многумина се жалат на загубени тикети. Играат врвни екипи и се работи за најсилното фудбалско натпреварување, па според тоа секогаш се очекуваат пореални резултати и така полесно да се обезбеди добивка, но ова Светско првенство, барем досега, се покажа како мошне незгодно за типување. Се губат пари дури и повеќе од вообичаената секојдневна рутина на обложување - вели Зоран П. од скопски Карпош.

Планетарниот турнир во Русија започна на 14 јуни и од тогаш се игра секојдневно по неколку натпревари на ден. Директорот на ланецот „Златна копачка“, Оливер Милковски, вели дека до сега само два дена се покажале како негативни по критериумите на вообичаена добивка на таа обложувалница.

- Имаше само два лоши дена за нас, додека за другите може да се каже дека тешко им одеше на типувачите. Соодносот добивка - уплата според мене е некаде 10:7 во корист на обложувалниците, а во некои денови и 10:8. Тоа што некои велат дека односот добивка-уплата достигнува 10:1 е неверојатен и може да се работи само за одредено уплатно место, но не и на ниво на цела обложувалница како име - смета Милковски.

Дури 200 милиони евра уплатиле граѓаните во спортски обложувалници во текот на минатата година. Од друга страна, фирмите кои приредуваат игри на среќа во обложувалница во текот на минатата година за исплати на добитни ливчиња потрошиле над 9,6 милијарди денари или нешто повеќе од 156 милиони евра. Имено, лани во сите македонски обложувалници биле уплатени над 64 милиони тикети, а од нив добитни биле само нешто над 3,6 милиони ливчиња, или само пет отсто од вкупните уплати. Ако се вкрстат податоците за вкупната исплата и добитните ливчиња излегува деко едно ливче носело добивка од само 43 денари во просек.

Поединечно, за најголемите ланци има податоци од 2016-та. Спорт Лајф во 2016 имал 70.9 милиони евра добивка.  Златна копачка во 2016 е со вкупни приходи од 63 милиони евра. Моцарт забележал прилив од 32.5 милиони евра.

Самите обложувалници редовно нудат широк спектар на стотици видови игри и начини на типување за самите натпревари, а тука предничи Спорт Лајф.

Инаку, вчера беше првиот ден кога не се играше фудбал на Русија 2018. Најинтензивниот дел, односно групната фаза, заврши во четвртокот. Вкупно 48 средби одиграа 32 национални селекции. Од денеска започнуваат елиминациите, односно осмина-финалето.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар