05 Декември, 2025
0.0786

Светското во Бразил урива рекорди на интернет!

Објавено во: Анализа 23 Јуни, 2014 07:53

Добивај вести на Viber

Светското фудбалско првенство во Бразил ќе стане спортски настан со најголемо присуство на социјалните мрежи, пишува во резултатите од онлајн маркетинг студија на Digital Index на компанијата Adobe, пишува CNN Money. Фудбалскиот шампионат, кој ќе трае еден месец, веќе ги надмина Зимските олимписки игри во Сочи и финалето на шампионатот во американски фудбал Супер Боул, што се однесува до неговото присуство во социјалните мрежи. Најпознатите фудбалери, како напаѓачот на репрезентацијата на Португалија - Кристијано Роналдо, се спомнуваат милиони пати на мрежата секој ден. Од почетокот на годината Светското првенство во фудбал е споменато 19 милиони пати во блогови и социјални мрежи. Меѓу избраните издвојуваат Facebook, Google+, Reddit, Twitter, Instagram и YouTube. Дискусијата е по глобална од оваа за Олимпијадата во Русија, велат од Adobe. Луѓето од Јапонија се најпосветените коментатори, тие се одговорни за речиси две од секои пет споменувања. САД е токму по Бразил - американските потрошувачи придонесоа со 8% од сите позиции поврзани со Светското првенство во фудбал. Ставот на земјата домаќин се одразува и на расположението на улиците на Сао Паоло, каде демонстрантите покажуваат несогласување со цената, која Владата ја плати за организирање на Светското првенство - 11 милијарди долари. Од Adobe прецизираат дека 42% од натписи поврзани со игрите, изразуваат чувство на "тага, бес и гадење." Фудбалските натпревари од Светското првенство во Бразил се очекува да привлечат и рекорден интерес на телевизија. Според експертите, тие ќе бидат гледани од вкупно 3.6 милијарди луѓе. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени