Светското во фудбал ги урива филмските навики!
Објавено во: Анализа 04 Јули, 2014 10:56
Како што покажува графиконот, вкупната продажба досега оваа година изнесува малку повеќе од 2 милијарди долари. За истиот период во 2013 година оваа сума беше 2,4 милијарди долари. Минатото лето беше сезона на рекорди, благодарение на продолженија на "Железниот човек 3" и "Брзи и бесни 6".
Најверојатното објаснување за успехот или неуспехот на благајните обично се самите филмови.
"За мене секогаш сè се сведува на производот", тврди Пол Дергарабедјан, виш медиумски аналитичар во Rentrak. Според неговите зборови за новиот филм од серијалот "Transformers" се продадени билети за 100 милиони долари во деби викендот, и се натпреварува со Светското првенство во фудбал.
Студијата обрна сериозно внимание на надворешните настани кои би можеле да ги држат луѓето далеку од кината, а Светското фудбалско првенство е главната причина за сите и тоа во текот на целиот месец. Премиерата на "Tрансформерс: Ера на истребување" беше одложена во многу земји токму поради спортскиот настан.
Можно е сепак филмските студија да штедат напори и средства за следната година, која се очекува да биде најголемата за индустријата до моментов. Во рамките нејзини се планирани продукции на филмските продолженија за "Џејмс Бонд", "Одмаздници", "Супермен" ... - сите - делови од познати и докажани серијали.
Понекогаш, сепак дури и најдобрите претпоставки можат да се покажат погрешни. Се очекуваше настаните во Бразил да ги остават кината празни. Наместо тоа "Вината во нашите ѕвезди" и "Како да дресираш змеј 2" се покажаа како хит и покрај фудбалската манија.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





