19 Април, 2024
0.0352

Сврти нов лист, пробај нешто друго!

Објавено во: Колумни 11 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Често среќавам луѓе кои си го трошат времето и енергијата на работи кои поминале! Луѓето се оптоваруваат особено во ситуации кога нешто ќе згрешат, нема да ги направат нештата доволно добро, или пак кога ќе наидат на критики од отанатите. Тоа се состојби со кои се мачиме себеси, а и другите околу нас! Кога го пишувам ова, прво што ми текнува е примерот со еден мој пријател кој со месеци раскажува за проектот кој му пропадна, и покрај тоа што според него имал одлична идеја ,, Ако немаш членска книшка не можеш да водиш бизнис во Македонија, кај нас се е обратно поставено...нема можности ако не си дел од бизнис елитата, тешко можеш да успееш,, се жали тој. Човекот е сто посто во право, но кога имаме ваква ситуација, мораш да се адаптираш на новонастанатата состојба и да размислуваш за нови оппции. Колку саати само изгубил на раскажување едно те исто, за тоа време ќе можеше да сработи нешто друго. А тек колку си ја јадел душата и се нервирал. Дека некој ќе го жали, многу тешко! Не, во ова време кога секој гледа само за себе. Но, како пријател ми е мака за него, што толку време е со мислите во минатото, што не може да се реши да сврти нов лист, и да проба нешто друго. Во неколку наврати сум му сугерирал, да проба друго, но ако човек самиот не се реши, никој не може да го натера. Како пример дека човек никогаш не треба да се откажува е мојот татко. Тој целиот свој живот беше на челни позиции во големи компании, и на крајот за време на транзицијата остана без работа, на свои 50 и кусур години. Човекот ниту еднаш не се пожали, постојано трагаше за работа, тропаше на различни врати, за да најде нова работа, а за потоа и да основа своја фирма со која упорно и чесно работеше. Сметам дека секој за себе одлучува, и дека како што можеме сами да се мотивираме, тоа неможе да го направи никој друг за нас. Тргам од себе, најдобрите работи сум ги направил кога сум бил витински решен дека сакам да направам нешто. Можеби мојот пријател и со следниот проект нема да успее, но дефинитивно сметам дека човек не треба да се откажува од желбата да успее. Важно е да се трудиш и да работиш, а човек треба да има грижа на совест само ако не се обидува. Верувам дека и поголемиот дел од нас, имале такви периоди во животот кога биле опседнати со минатото носејќи го товарот на неуспехот, а притоа не гледајќи ја убавината на сегашниот миг и размислувајќи за идните можности. Добро е ако тие периоди траеле кратко и сме ги надминале, но ако траат подолго, сме заглавиле! И тоа не се однесува само за бизнисот, туку и за се во животот. Каењето за нешто што сме погрешиле, е најголемиот непријател на сегашниот момент и на ­иднината. Не случајно старите велат “било, поминало”  укажувајќи на тоа дека не треба да се вртиме наназад, туку да продолжиме кон следното ниво. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок