СЗО откри од каде потекна и се прошири коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Март, 2021
Oд Светската здравствена организација(СЗО) тврдат дека е откриен изворот на пандемијата. Детали ќе дадат во наредниот период.
СЗО започна истрага во јануари за да го открие изворот на пандемијата, а сега велат дека се работи за фарми на диви животни. Многу од фармите се лоцирани во провинцијата Јунан. Оттаму препродавачите набавуваат диви животни за пазарот на морска храна Хуанан во Вухан. Питер Дазак, еколог од тимот на СЗО, за сајтот НПР го раскажа своето искуство во оваа мисија да го бара изворот на пандемијата и рече дека некои од овие диви животни може да биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2, и дека тие го зеле вирусот од лилјаците. Мисијата започна во јануари, по серијата теории на заговор што се раширија низ целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако избегал од лабораторијата во Вухан, а СЗО го отфрли тоа сценарио минатиот месец, бидејќи нема докази за тоа.
Научниците се согласуваат дека вирусот циркулирал во лилјаци, а потоа „скокал“ врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни кои биле продавани на пазарот. Досега во светот има повеќе од 122 милиони потврдени случаи на коронавирусот. САД, Бразил, Индија, и Русија имаат најмногу случаи.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.