СЗО ПОВИКУВА: Постепено да се укинуваат мерките за патување
Објавено во: Свет 31 Јули, 2020 11:39
Светската
здравствена организација денеска објави дека земјите треба постепено да
ги укинуваат мерките за ограничување на меѓународните патувања според
проценките на ризикот и мора да им дадат приоритет на патувањaта за итни
потреби.
Организацијата смета дека треба да се даде приоритет на важните патувања за итни случаи, хуманитарните активности, патувања на важни лица и враќање во земјата, па оттаму ги повикуваат државите да направат анализа на трошоците и придобивките и да донесат одлука за приоритетите, пред да се обноват меѓународните патувања.
СЗО направи и упаство за патувањата, според кое земјите мора да ги земат предвид локалните епидемиолошки состојби, националното здравје и веќе воспоставените мерки, а дали земјата треба да воведе карантин за сите патници кои доаѓаат од некаде, мора да се одлучи по проценка на ризикот од заразата.
Според СЗП меѓународните забрани за патувањата не можат да останат на сила бесконечно долго, но владите мора да направат повеќе за да го спречат ширењето на ковид прво во сопствените граници.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




