СЗО: Состојбата во Европа се подобрува, но во светот се влошува
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Јуни, 2020
Состојбата со коронавирусот се влошува.
Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус, изјави состојбата се подобрува во Европа, но глобално се влошува.
Бројот на нови случаи е зголемен и во Африка. Зголемување на новозаразените лица е забележано во делови од Источна Европа и Централна Азија.
„Во изминатите неколку дена, дневно се пријавуваат повеќе од 100.000 нови случаи, а во недела дури 136.000. Скоро 75 отсто од новите случаи во недела се од 10 држави, претежно во Северна и Јужна Америка и Јужна Азија“ – вели тој.
Директорот на СЗО рече дека најголемата закана е предвремено опуштање.
Повикува на активен мониторинг.
Во светот има 7 милиони заразени, и 400.000 починати од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.