СЗО ЗА ВИРУСОТ: Нема промена во однос на преносот, ниту во јачината
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Eкспертите од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува.
„Нема промена во однос на преносот, нема промена во однос на јачината“, изјави епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхов.
Според неа, најважно е да се спроведуваат мерките за намалување и сузбивање на преносот.
Некои водечки италијански лекари во неделата изјавија дека вирусот значително ослабнал и дека тој веќе клинички не постои во земјата.
Ова тврдење поттикна полемики и негодувања кај експертите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.