25 Ноември, 2024
0.0259

СЗО засега не поддржува воведување на ковид пасоши

Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Иако дел од европските лидери, веќе се изјаснија дека сакаат воведување на ковид пасоши, сепак Светската здравствена организација (СЗО) во овој момент не им препорачува на земјите да воведуваат специјални сертификати за луѓето кои се вакцинирале против коронавирусот. Ова го изјави претставничката на таа организација Мелита Вујновиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел минатата недела изјави дека лидерите на Европската Унија се согласиле за неопходноста за воведување на сертификат за вакцинација. Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕК планира во март да претстави нацрт-закон за електронски пасош за вакцинација, кој ќе овозможи да се евидентираат вакцините, резултатите од тестовите за ковид-19 или тоа дали лицето ја прележало болеста. Официјална Москва соопшти дека воведувањето ковид-пасоши на територијата на Европската Унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација. Грција исто така меѓу првите земји ја заговара идејата за ковид пасоши. 

Во Европа расте бројот на заболени од коронавирусот.  Бројот на новозаразени со коронавирус e зголемен за девет проценти во 53 европски земји, соопштија денеска од Светската здравствена организација (СЗО). Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека минатата недела имало повеќе од милион случаи. Вели дека скок се забележува во Централна и Источна Европа, но и некои западноевропски земји имале зголемување на бројот на инфицирани. 

foto EPA-EFE

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто