ТАА ИГРА НА НАЦИОНАЛНА КАРТА РАЗБРАНУВА МНОГУ ДУХОВИ ВО ЗЕМЈАТА: Мицкоски со порака од Брвеница
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2025 08:27
Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска - објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако од Скопје вечерва замина за Брвеница да му ја честита победата на Јовица Илиевски.
„Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!“, истакна Мицкоски.
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница беше посебно битна за партијата, зашто противканиддат беше Хаќим Рамадани од владиниот коалиционен партнер ВРЕДИ, кој наспроти договорот за меѓусебна поддршка, истакнуваше дека мора да победи зашто е Албанец и носеше гласачи од Германија за да може да победи над кандидатот од македонска националност.
Таа игра на национална карта разбранува многу духови во земјата.
Рамадани инаку е директор на Инспекторат за локална самоуправа, а Мицкоски, кој синоќа од Скопје порача дека ни името не сака да му го спомене, најави дека Рамадани ќе биде разрешен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





