ТАБЕЛА: Како ние гледаме, а каква е всушност вистинската нееднаквост?
Објавено во: Анализа 20 Август, 2014 08:01
Во САД повеќе од 30 отсто од Американците имаат приход под 60% . Но, повеќето луѓе мислат дека само 24 проценти од нивните сограѓани се на тоа ниво. "Средната класа во САД е помала, а групата со ниски приходи - значително побројна стои во истражувањето.
Податоци за перцепцијата и фактичката нееднаквост во приходите во САД:
Извештајот покажува дека тоа може да биде делумно поврзано со социјалната мобилност во САД - луѓето можат да бидат помалку фокусирани на нееднаквоста, ако мислат дека се искачуваат по скалилата на приход. Релативниот недостаток на загриженост за нееднаквоста би можел да објасни зошто притисокот за преразпределение на оданочувањето е понизок во САД отколку од другата страна на Атлантикот.
Во Европа разликата помеѓу перцепцијата и реалноста е особено голема во поранешните комунистички земји, чии граѓани се убедени дека нееднаквоста во нивните земји е далеку поголема отколку што е во реалноста.
Оваа загриженост е поголема во земјите со повисоки перцепции за нееднаквост - како Франција и Германија - отколку во земјите со повисоки нивоа на фактичката нееднаквост - како Велика Британија и Шпанија.
Повеќе од 50 отсто од Германците и 79 отсто од Французите мислат дека разликите во приходите се премногу големи, во споредба со околу 30 отсто кај Британците и Шпанците. Извештајот покажува дека сето ова мора да има значење за политичарите при изградбата на даночните и социјалните системи, бидејќи реалните нивоа на нееднаквост изгледаат неважни за избирачите.
Тоа сепак не се однесува на основниот аргумент во книгата на Пике, кој се фокусира на нееднаквоста при богатството, а не приход, тврдејќи дека токму нееднакво богатство има поголемо значење за севкупната општествена нееднаквост.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





