18 Декември, 2025
0.0496

ТАБЕЛА: Кои македонски компании плаќаат најмногу за камати, лизинг и слични расходи?

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2016 08:39

Добивај вести на Viber

Очекувано, со оглед на обемот на работите ОКТА и Макпетрол за три месеци платиле најмногу за камати, лизинг, курсни разлики и слични расходи. Листата покажува дека најголем дел од македонските производни фирми користат кредити за својата продукција за што плаќаат значајни износи за камати Скопската рафинерија за нафта ОКТА во првите три месеци годинава имала финансиски расходи во износ од 69,8 милиони денари (над 1,1 милиони евра) и со тоа е компанија со најголеми финансиски расходи во првиот квартал во споредба со сите други акционерски друшта чии акции се котирани на Официјалниот пазар на берзата. Ова е сосема разбирливо со оглед на обемот на работа на оваа компанија. Финансиските расходи се сметководствена категорија во билансите на успех во која се агрегирани трошоците на фирмите за камати од кредити, курсни разлики, лизинг и слично финансиски услуги за кои компаниите треба да платат соодеветен надомест. Макпетрол е втор на листата со финансиски расходи кои изнесуваат 31,2 милиони денари (износ од консолидираниот биланс на успех за првиот квартал). Заедничко за двете компании е тоа што нивните деловни операции се во бизнисот со нафтени деривати кај едната со нивна продукција, а кај другите со нивната дистрибуција, големопродажба и малопродажба. Меѓу компаниите со значително поголеми финансиски расходи од финансиски приходи се големите скопски компании: Жито лукс, Скопски пазар, Арчелор митал ЦРМ, Фершпед, Телеком, Тиквеш, Пелистерка, Карпош, Пекабеско, струмички Струмица табак и Оранжерии Хамзали, кумановската фабрика за цевки ФЗЦ, велешки Благој Ѓорев и битолскиот агро-комбинат Пелагонија. Кај нив кварталните износи за финансиски расходи се движат од 4 до 15 милиони денари кои се наменети за камати, лизинг, курсни разлики и слични финансиски расходи. kursni

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа