ТАБЕЛА: виновници за промените во пазарот на трудот во САД!
Објавено во: Анализа 06 Август, 2014 07:43
Како што можете да видите, при вработувањето во рутинските професии има драстично намалување на нивниот удел во однос на работните места во САД, додека рутинската работа се зголемува.
Студијата, базирана на Current Population Survey, покажува неверојатна слика на случувањата меѓу 1976 до 2012 година.
Благодарение на брзиот развој на технологии компаниите го намалија персоналот за време на рецесијата и се свртија кон поевтините одлуки во лицето на новите машини кои бараат помалку, но се пофлексибилни.
Околу две третини од падот на рутинската активност се објаснува со зголемувањето на бројот на луѓето кои ги изгубиле своите работни места и со зголемувањето на бројот невработени, кои не можат да ги преземат. Промената на демографијата, помалку синдикати и работа во поевтини фирми во странство објаснуваат само мал дел од промените, посочува истражувањето.
Сепак сите работници подеднакво не поминуваат низ овој транзициски период.
Според извештајот жените и попрецизно образованите жени, се со поголема веројатност да направат скок кон рутинска работа. Но мажите, претежно оние кои не завршиле колеџ, е поверојатно да се меѓу оние кои ја губат рутинската работа, отпаѓаат од работната сила и никогаш не се враќаат назад.
Резултатот е помалку работни места од средната класа за помалку образованите. И бидејќи развиените технологии овозможуваат автоматизирање на сé поголем дел од рутинската когнитивна работа, повеќе луѓе кои некогаш биле уверени во својата долгорочна кариера, можат да ја немаат таа среќа. Победници се оние кои можат да работат во сферата на услугите и оние чии вештини можат да бидат подобрени, но не и заменети со компјутерите.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





