Табеларен приказ: Економските врски меѓу ЕУ и Русија во 2013
Објавено во: Анализа 31 Јули, 2014 08:12
Согласноста за наметнување на нова порција санкции против Русија лидерите на ЕУ ја постигнаа во вторникот. Мерките ќе бидат разгледани повторно по три месеци.
Во оваа фаза конкретните мерки не се обелоденети, но порано дискусиите се вртеа и околу решение за ограничување на пристапот на руските државни банки до европските финансиски пазари.
Поради длабоките трговски односи со Русија некои држави од заедницата ја изразуваат својата загриженост во врска со влијанието на санкциите врз развојот на нивните економии.
Ова решение може да има негативно влијание и врз кревкиот раст, во последните неколку месеци во ЕУ.
Досега Европската Унија има спроведено забрана за влез и замрзнување на пристапот до средства за 87 Руси и Украинци, поединци и за 20 правни лица. Во одлуката од вторникот се наметна ограничување за уште осум физички лица.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





