Табеларен приказ: Последните 12 месеци на биткоинот
Објавено во: Анализа 19 Јули, 2014 08:19
Според статистичките податоци, бројот на носителите на биткоини, се зголеми за импресивни 700% за последните 12 месеци до јуни.
Што се однесува до медиумите - мерката за популарност и легитимитетот, бројот на материјалите за виртуелната валута се искачил за 300%. Статистиката вклучува и написи во некои од најпопуларните медиуми во светот, вклучувајќи ги и Ројтерс, New York Times, Wall Street Journal и други.
Голем интерес за биткоин пројавуваат и пазарите во развој, кои во потрага по повисока профитабилност прошируваат инвестиции до 240 милиони долари во текот на извештајниот период, пишува VentureBeat.
CoinDesk сепак истакна и некои од најголемите недостатоци на биткоинот. Меѓу проблемите се и масовните кражби, како и можноста од владина регулација, која според многумина ќе го поткопа интересот за електронското парично средство.
Сепак податоците на никаков начин не ги покажуваат колку добро биткоинот може да функционира како валута во долг рок. Тие сепак се добра мерка за популарноста која ќе биде во основата на оптимистичката иднина пред алтернативните парични средства.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





