01 Ноември, 2024
0.0244

Тајланд сака да привлече повеќе муслимани туристи со својот прв „халал” хотел

Објавено во: Стил 31 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Близу 30 милиони странски туристи ја посетиле земјата лани, но само мал дел од нив биле од Блискиот Исток.

Претежно будистички Тајланд го отвори својот прв „халал" хотел, со надеж да привлече повеќе муслимански туристи и да го зајакне еден од ретките растечки сектори на економијата, соопшти Ројтерс.

Само  658.000 туристи лани биле од Блискиот Исток.

Во светот има 1,6 милијарди муслимани, што е огромен пазар.

Ал Мероз хотелот чија архитектура потсетува џамија, има две соби за молитва и три халал сали за јадење.

Собите чинат од 116 до 1445 долари за ноќевање.

За да ги привлече муслиманските туристи, Тајланд лани пушти  мобилна апликација која помага на посетителите да најдат каде се нуди халал храна и други атракции.