26 Јуни, 2024
0.0265

Тајна средба Ковачевски - Ахмети - Гаши во Владата

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Извори на Телевизија 24 велат дека во Владата имало тајна средба на која премиерот Димитар: Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го убедувале третиот коалиционен партнер - Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, дека Алијанса за Албанците треба да влезе во владеачкото мнозинство за да го стабилизира и наедно да се обезбеди постојан кворум во блокираното Собрание.

Гаши не бил убеден во овие мотиви и рекол дека „тој што му гори под нозе, да му отстапи министерства на Алијанса“, алудирајќи на ДУИ каде што голем притисок прави т.н.„Огнена група“.

Средбата се одржала во кабинетот на Ковачевски, а информацијата ја потврдува висок партиски функционер од Алтернатива. Гаши прашал која е потребата од влегувањето на Алсијанса за Албанците во Владата и ги потсетил коалициските партнери дека токму тој и Алтернатива кога било најгусто ја спасиле Владата на сметка на нивниот рејтинг, но и дека дел  од нивниот договор се уште не го исполниле и дека се уште не се поставени 15 договорени кадровски решенија.

Не се исклучува денеска повторно владејачката тројка да се види во Собранието бидејќи Ковачевски ќе биде на пратенички прашања, а Ахмети и Гаши се пратеници.


Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра