19 Мај, 2025
0.0387

ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - еве на што се темели најпопуларниот лек

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2024 14:11

Добивај вести на Viber

На фармацевтскиот гигант му треба повеќе семаглутид, клучна состојка во неговите лекови за дијабетес и губење на тежината. Затоа троши 8 милијарди долари за проширување на фабрика во рурална Данска каде што се случува магијата.

Откако грубо ја потцени побарувачката за своите лекови за слабеење - Оземпик и Вегови - Ново Нордиск сега почна осумгодишен проект за проширување, над 8 милијарди долари, во фабрички комплекс во поранешно рибарско село надвор од Калундборг, кој треба да биде завршен во 2029 година.

Ново Нордиск се бори со американскиот производител на лекови Eli Lilly & Co. за водечка позиција на растечкиот пазар на лекови за губење на тежината. Колку подолго е потребно за да се засили производството на состојките, толку повеќе продажбата на компанијата ризикува да изгуби, или од Lilly, или од аптеките кои обезбедуваат копии на Wegovy, благодарение на американската регулаторна дупка што им овозможува да обезбедат верзија на лекот се додека го нема доволно. 

Пазар од 100 милијарди долари

Калундборг е едно од двете места во светот каде Novo Nordisk произведува семаглутид, активната состојка во Ozempic и Wegovy. Другото е фабрика во Северна Каролина.

Колку внимателно инвеститорите го следат крајбрежниот дански град стана јасно во средината на мај кога веста за пожар на покрив на градилиштето накратко избриша повеќе од 20 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата. Производителот на лекови сега ги запре сите поправки на покривот додека се обидува да открие што тргнало наопаку, пишува Bloomberg.

Аналитичарите проценуваат дека Novo ќе има комбинирана продажба од повеќе од 26 милијарди долари оваа година. Лековите за губење на тежината најверојатно ќе станат пазар од 100 милијарди долари до 2030 година, според Goldman Sachs Group Inc.

Магијата на „домашното“ производство

За разлика од Eli Lilly, која се сврте кон надворешни производители за да го направи својот конкурентен лек за GLP-1 Zepbound, Novo Nordisk го задржува производството на состојките Wegovy и Ozempic „во сопствената куќа“. Тоа е релативно невообичаен чекор за производител на лекови. Но, данскиот гигант сака да ги заштити своите производствени тајни чувајќи ги на само неколку места.

Ново Нордиск за лековите за слабеење користи квасец што го произведува во своите капацитети со децении (не само за Оземпик), а користењето квасец и неговиот хормон GLP-1 (кој телото го произведува после оброк) значи дека е потребно подолго време за зголемување на производството, отколку што би требало доколку се користат хемикалии за производство на активната состојка - како што тоа го прави Лили во производството на Zepbound.

Следната генерација

Производителот на лекови вработил 1.000 луѓе во Калундборг минатата година, речиси една четвртина од 4.500 вработени на локацијата, а потребни се повеќе бидејќи побарувачката за лекови GLP-1 расте. За да го реши проблемот со работна сила, Ново Нордиск го преобликува градот околу својата фабрика. Во обид да го зголеми својот „човечки базен“, компанијата привлече биотехнолошки колеџ и истражувачка лабораторија како соседи, додека некои од најголемите дански универзитети планираат да започнат да нудат дипломи таму оваа есен. Во рок од четири години таму ќе учат 1.000 студенти. Гигантот, исто така, помогна во плаќањето на железничката станица до неговата фабрика, лобираше за автопат кој сега се гради и работи на изградба на повеќе куќи во градот за да се смести огромниот прилив на нов персонал.

Дополнително, опремата во новата фабричка хала која треба да почне со производство следната година е дизајнирана да се користи не само за еден вид лек туку и за други кои се уште не се одобрени. „Ова е следната генерација“, велат во Ново Нордиск.

Бонитет.ком

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

НА БАЛКАНОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: „Ако ова се случи, ќе има колапс“

НА БАЛКАНОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: „Ако ова се случи, ќе има колапс“

КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТИЕ: Ова е најбрзиот воз во светот, Кинезите го тестираат

КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТИЕ: Ова е најбрзиот воз во светот, Кинезите го тестираат

Македонија е зависна од увоз на месо

Македонија е зависна од увоз на месо

Државата ќе прави софтвер за граѓаните да може да бараат најевтини производи

Државата ќе прави софтвер за граѓаните да може да бараат најевтини производи

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “