29 Септември, 2024
0.0725

Тајните на бизнисот со дигитални стикери!

Објавено во: Анализа 25 Август, 2014

Добивај вести на Viber

За 1,99 долари можете да симнете од интернет пакет дигитална апликација за мобилен за испраќање пораки Line. Така можете да имате стикери "грижливте мечиња" кои намигнуваат, плачат, танцуваат или возат скутери. Корисниците на различни апликации од овој тип гледаат на овие слики гледаат како на забавен начин брзо да им испратат порака на свите пријатели. За Sony, која е творец на стикери, ова е нова можност за генерирање на приходи. Технолошкиот гигант во Токио, што има околу 50 вработени со полно и скратено работно време, создава стикери, барајќи ликови од стрипови и други медиуми, за да најде знаци кои ќе изразуваат цела палета на емоции. Атсуши Фукуда, претседател на Sony Digital Entertainment, тврди дека тимот задолжен за стикери, ги шири преку најголемите апликации за испраќање пораки во Азија, вклучувајќи ги и јапонската Line, кинеската WeChat и јужнокорејската KakaoTalk. Sony има лиценци за користење на ликови од телевизиски емисии, како "Весели мелодии", "грижливите мечиња" и "Powerpuff Girls", за да создаде база од актуелни и допадливи стикери. Освен тоа се испитуваат и можностите за користење на повеќе ликови од филмското студио на Sony во Холивуд, како и од тоа за видео игри. Благодарение на тоа компанијата може да понуди стикери по повод 30-годишнината на "Ловците на духови", тврди Фукуда. Sony веќе пушти стикери и со Tori Inoue, позната уште како мачка на Sony - херој познат од неколку игри за PlayStation. За постигнувањето на последната цел Sony работи со компанија како Procter & Gamble и Coca-Cola, за да создава промотивни стикери, кои обично се нудат за бесплатно симнување, објаснува Фукуда. Тој одби да даде податоци за продажбата на филијалата или да открие колку е инвестира Sony во овој проект. Од своја страна Line за реклами наплати меѓу 20 и 30 милиони јени (најмалку 195 илјади долари) за создавање на т. Нар. Промотивни стикери, кои ќе бидат достапни во нејзините онлајн продавници за најмалку четири недели. Sony почна да нуди дигитални стикери преку Line во април 2012 година, а преку WeChat - само пред два месеци. Line кој размислува да стане јавна компанија во САД, и WeChat на Tencent, имаат повеќе од 400 милиони корисници. Нивниот успех успеа да го привлече вниманието на Силиконската долина, благодарение на што Google и Facebook веќе нудат збирки со стикери во своите апликации за испраќање пораки. Продажбите на дигитални стикери на корисниците на Line носат околу 1 милијарда јени (9,7 милиони долари) месечно, открива портпаролот на компанијата . Line сумата ја дели со дел од креаторите на сликите. Сепак компанијата , одбива да ги открие приходите кои им се генерирани само од промотивните стикери. K.K. "Приходите од стикерите во Line ќе продолжат да се зголемуваат во зависност од бројот на претплатници", тврди Џошуа Конг, аналитичар во Shinhan Investment. Според него додека Sony и другите партнери на компанијата вложуваат повеќе напори за промовирање на стикери преку Line, просечниот приход од корисниците на апликацијата веројатно ќе се зголемува. Sony Digital Entertainment започна со работа во 2004 година како поделба на Sony Pictures Entertainment. Во 2007 година дигиталната група стана одвоена компанија во целосна сопственост на Sony, која се фокусира на бизнис можностите на пазарот на паметни телефони. Во моментов, главниот извршен директор на Sony Казуо Хира се обидува да ја заживее компанијата, која очекува шестата годишна загуба, бидејќи побарувачката на телевизори и компактни фотоапарати се намалува.