ТАРАВАРИ НАРЕДИЛ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ ДА УТВРДИ ДАЛИ ВЕДАТ АДЕМИ Е ЖРТВА НА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА - младиот кумановец почина од анафилактичен шок

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 11:48
Смртта на Ведат Адеми ќе ја истражува експертски тим, а за тоа наредба дал лично министерот за здравство Арбен Таравари.
Ведат Адеми е роден во 1992 година, а починал завчера, и според сведоштвото на неговиот татко, смртта настапила од анафилактичен шок во болницата во Куманово, по примена терапија, иако во здравствена книшка стои дека е алергичен на аналгин.
На социјалните мрежи не стивнува револтот од смртта на Адеми.
Ова меѓудругото го пишува во објавата на социјалните мрежи за смртта на кумановецот за кој денеска изјава имаше и министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството! Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка! Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот! Без никаков компромис бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…“, додава Таравари.
Неговиот татко вчера за медиоумите изјави дека доживеале хорор во кумановската болница.„Ми го земаа синот две минути, веднаш го прегледа, бидејќи имаше болки сам застана, но додека го одведов да му дадам вода од чешмата за да се излади, син ми отиде“, раскажува тој.
Вели дека последните зборови на синот биле следниве: „Тато, ме убија!“.
Можеби ќе ве интересира
ОГНОТ Е ВИДЛИВ ОД БИТОЛА: Гори големо стрниште крај Црна Река

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен Папазов и неговите претходници

И ШПАНИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ: Седум повредени се префрлени во оваа земја

ДА МУ СЕ ДОДЕЛИ ДРЖАВЕН ОРДЕН: Граѓани бараат херојството на Јован да биде наградено

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ СКОПЈАНЕЦ: Најдени се 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: Oд 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈСРЕЌНИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Македонците се едни од најнесреќните во регионот и пошироко

БАРАЛ 16.000 ЕВРА МИТО, ПА НАМАЛИЛ НА 13.000 ЕВРА: Oбвинителството бара притвор за уапсениот раководител од Општина Маврово-Ростуше
