28 Март, 2025
0.0391

БАРАЛ 16.000 ЕВРА МИТО, ПА НАМАЛИЛ НА 13.000 ЕВРА: Oбвинителството бара притвор за уапсениот раководител од Општина Маврово-Ростуше

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 16:38

Добивај вести на Viber

Поведена е истрага, а има и предлог за притвор за едно лице. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство загонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од полицијата донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

„Лицето како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно побарал и примил поголема имотна корист за себе и за трети лица за да извршат службено дејствие што морале да го извршат. Осомничениот во два наврати директно побарал од подносителот на барањето паричен износ од 16.000 евра, а потоа износот во понатамошните средби со оштетениот го намалил на 13.000 евра, за да тој и комисијата што одлучувала во управна постапка по барањето за издавање на урбанистички проект постапат по барањето на оштетениот. Дел од парите наводно биле за другите службеници вклучени во управната постапка за да одлучат во побрз рок. Со оглед дека било договорено парите етапно да бидат исплаќани како што ќе се одвива управната постапка, осомничениот за првото дејствие побарал износ од 4.400 евра“, велат од ОЈО. 

Оштетениот вчеравечер му дал 2.000 евра, кои осомничениот ги примил и полициските службеници го фатиле. 

„Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје предложи истата да му биде определена на осомничениот во траење од 30 дена“, додаваат од ОЈО. 

Станува збор за раководител на секторот за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

НАТО НЕ Е САМО ВОЕНО-ПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ: Се одбележуваат 5 години од членството на земјава во алијансата

НАТО НЕ Е САМО ВОЕНО-ПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ: Се одбележуваат 5 години од членството на земјава во алијансата

ВИКЕНДОВ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ СОН - сабота кон недела почнува летното сметање на времето

ВИКЕНДОВ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ СОН - сабота кон недела почнува летното сметање на времето

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

ВРЕМЕ Е ДА РАСКАЖАМ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПО УБИСТВОТО НА МОЈАТА СЕСТРА ФРОСИНА: Таму јасно ми беше ставено до знаеше дека Фросина не е важна, важна е агендата, тврди сестрата Росица

ВРЕМЕ Е ДА РАСКАЖАМ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПО УБИСТВОТО НА МОЈАТА СЕСТРА ФРОСИНА: Таму јасно ми беше ставено до знаеше дека Фросина не е важна, важна е агендата, тврди сестрата Росица

Рудникот „Булмак“ казнет со 200.000 евра откако тешки метали се излеаја во Крива Река

Рудникот „Булмак“ казнет со 200.000 евра откако тешки метали се излеаја во Крива Река

ДЕВЕТ ОД ДЕСЕТ УЧИЛИШТА БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ НА ДИВО И НЕМАЛЕ ИМОТЕН ЛИСТ: Еве во какви објекти учеле децата на Чаирчани

ДЕВЕТ ОД ДЕСЕТ УЧИЛИШТА БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ НА ДИВО И НЕМАЛЕ ИМОТЕН ЛИСТ: Еве во какви објекти учеле децата на Чаирчани

Од Широк сокак, преку Бахреин и Малта: На само 18 години пуштала музика во луксузниот скијачки центар Сент Мориц - Интервју со диџеј Тања

Од Широк сокак, преку Бахреин и Малта: На само 18 години пуштала музика во луксузниот скијачки центар Сент Мориц - Интервју со диџеј Тања

КАДЕ ДА СЕ КУПИ ПП АПАРАТ – СОПСТВЕНИЦИТЕ НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ БАРААТ ИТНО! Побарувачката е нагло зголемена откако засилија инспекциите

КАДЕ ДА СЕ КУПИ ПП АПАРАТ – СОПСТВЕНИЦИТЕ НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ БАРААТ ИТНО! Побарувачката е нагло зголемена откако засилија инспекциите

СЕГДЕ ПРАТЕНИК Е ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДОТ, САМО КАЈ НАС Е ЖИВ СРАМ: Ина Многуфина за насилникот од Радовиш кој тепаше жена

СЕГДЕ ПРАТЕНИК Е ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДОТ, САМО КАЈ НАС Е ЖИВ СРАМ: Ина Многуфина за насилникот од Радовиш кој тепаше жена