ФИНЦИТЕ СЕ НАЈСРЕЌНИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Македонците се едни од најнесреќните во регионот и пошироко

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 17:05
Финска има најсреќни луѓе на светот, а Македонија е на 86. место.
Оваа година Македонија е на 86. место, минатата година беше на 84, а во 2023 на 87 место. Зад Македонија од регионот единствено e Албанија на 89. Бугарија е на 85. место.
Косово е насреќна земја во регионот – тоа е на 29. место. По него е Србија на 31., па Босна и Херцеговина на 56. и Црна Гора на 71.
Финска осма година по ред е прогласена за држава со најсреќно население во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска по повод Меѓународниот ден на среќата.
Авторите на извештајот, подготвен во партнерство со агенцијата за истражување Галуп, Оксфордскиот центар за истражување на благосостојбата и Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, го анализираа периодот помеѓу 2022 и 2024 година
Финска е на врвот, а зад неа се Данска, Исланд и Шведска. Норвешка е на седмото место.
Холандија се врати во првите пет, а Костарика (шесто место) и Мексико (десетто) за првпат се најдоа во Топ 10.
Германија се искачи од 24. на 22. место, а САД паднаа за една позиција на 24. место.
Рангирањето вклучува 147 земји, а Авганистан е на последното место. При составувањето на листата се земени предвид индикаторите како БДП по глава на жител, ниво на социјална поддршка, животен век, почитување на граѓанските слободи, безбедност на работното место, слобода во областа на здравството, ниво на корупција и други.
foto Wikipedia/ Alvesgaspar
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ НАПРАВИ СЕ ЗА КОЧАНИ: „Вложуваме надчовечки напори“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Oваа промена го нарушува режимот на спиење

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна
Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи
