СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво
Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 09:40
Поранешната обвинителка од Тетово, Лејла Кадриу, која беше разрешена во 2022 година, со скандалозна изјава за сегашното вештачење на пожарот во Кочани, и за пожарот во модуларната болница.
„Вака бомбастично зборуваа по медиуми. Сервираа секакви информации „за превземени дејствија во текот на истрага“ за модуларната болница во Тетово. А во позадина ни донесоа двајца обвинители „во испомош“ бидејќи бил волуминозен предметот. Се испостави дека обвинителот Дејан беше само поштар преку кој држеа под контрола што се превзема и контрола да не настрада некој кој требаше да биде заштитен.
Дојде вешт наод од вештакот од областа на електротехника јасно и презицно наведено дека причинско последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија. Беше јасно кој беше изведувач на работи а и нарачател и кога барав од колегите обвинители да се усогласиме за издавање на редба за градежно вештачење бидејќи произлезе дека има многу пропусти обвинителот Дејан од ОЈО Скопје беше против. Другите го поддржаа. А за да се искамуфлира вештиот наод од електро вештакот кој беше јасен, истиот Дејан бараше да се изготви друг вешт наод и тоа го направија но сега вештаците за модуларна во Тетово вештачеа на модуларна во друг град. Мене ме суспендираа бидејќи им сметав бев премногу гласна а требаше пола влада во притвор да заврши врз основа на вештачења и собрани докази. И сега истиот тој обвинител Дејан е назначен за испомош во ОЈО Кочани. Сега што треба да се смути и чија трага и одговорност треба да се одбегне ќе видиме!, напиша таа ан фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




