26 Јуни, 2024
0.0289

ТАШЕВСКИ И БОЖИНОВСКИ ПОДНЕСОА КАНДИДАТУРИ ЗА КУМАНОВО, ЌЕ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ ЛИ И ИЛИЕВСКИ - во понеделник истекува рокот за пријавување во СДСМ

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Тече пријавувањето на кандидати за претседатели на општинските организации на владејачката партија СДСМ. 

Какш што извести претходно партијата, заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават во периодот од 24 до 31 јануари до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.“Павел Шатев“ бр.8 Скопје. 

Ова значи дека понеделник ќе биде последниот ден во кој заинтересираните кандидати треба да ги достават своите кандидатури за први луѓе на општинските организации.

Фактор објавува кои се кандидати за први луѓе на општинската организација на тој град, кој е специфичен по тоа што таму СДСМ доживеа пораз од СДСМ, односно од нивниот член Максим Димитриевски, кој побара нивна поддршка, но откако не ја доби реши да се кандидира како независен кандидат, по што и ја доби довербата од своите сограѓани. 

Според објавите на фејсбук, досега кандидатури за Куманово имаат поднесено адвокатот Виктор Божиновски и Емил Ташевски. 

Виктор Божиновски е адвокат и поранешен претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.

„Денес ми е особена чест и задоволство што ја поднесов мојата кандидатура за Претседател на ОО на СДСМ Куманово. ВРЕМЕ Е ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ВРЕДНОСТИ!“, напиша на фејсбук Божиновски.

Се огласи и Емил Ташевски.

„На овој голем ден за мене и моето семејство ја поднесов мојата кандидатура за претседател на ОО СДСМ Куманово. Социјалдемократските вредности и дела ги практикувам уште од најмлади години, поминувајќи низ сите сегменти на партиско делување од младинските организации па се до највисоки структури во ОО СДСМ Куманово. Мојата програма е втемелена на неколку начела и вредности: Другарство, Еднаквост и Единство, Транспарентност, Хуманост и Дигитализација. Ќе се борам за враќање на вистинските вредности, ќе ги промовирам основните социјалдемократски вредности кои ги запоставивме. СЛОБОДА која значи вистинска слобода, слобода од дискриминација, слобода од експлоатација, ЕДНАКВОСТ која вклучува не само еднаквост пред закон туку и економска и социо-културна еднаквост и СОЛИДАРНОСТ која подразбира и застанување на страната на жртвите на неправдата и нееднаквоста.“, пишува Ташевски за својот фејсбук профил.

Според сознанија на Фактор, за оваа позиција планира да се кандидира и Оливер Илиевски, кој беше кандидат за градоначалник на СДСМ на Куманово, но не успеа да ја добие битката од својот доскорешен сопартиец, Максим Димитриевски.

Илиевски на своите профили на фејсбук се уште се нема произнесено дали ќе се кандидира за прв човек на општинската организација на СДСМ Куманово.

Наши извори очекуваат дека Илиевски до финалниот рок ќе ја поднесе кандидатурата. Исто така, тие сметаат дека тој е фаворит за победник, односно да биде избран за прв човек на општинската органзација СДСМ.

Се зборува и дека поранешниот директор на Управата за извршување санкции ќе поднесе кандидатура, Марјан Спасовски, но и тој по тоа прашање се уште се нема огласено на својот фејсбук профил.

Во моментов прв човек на СДСМ Куманово е Мартин Костовски, пратеник, но тој, како што брифираат наши извори, немало да поднесе кандидатура.

Како што е познато, СДСМ ги повика сите заинтересирани членови на Општинските организации да поднесат кандидатура за Претседател на Општинската  организација на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање: да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина, да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ, да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап, да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги, да потпишат изјава за прифаќање на Кодексот за однесување на членовите и функционерите на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат и да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра