ТАСОС: Остров полн со убавини и сиромашни туристи
Објавено во: Балкан, Стил 22 Јули, 2015 12:34
Ниту една од овие земји не може да се спореди со големото трошење на пари на западноевропејците - Германци и Британци особено, чиј недостаток е очигледен ова лето.
Најмногу од сè можеби на грчките туроператори им недостигаат локалните туристи, кои обично ги преполнуваат одморалиштата од петок до недела секој викенд од мај и масовно одмараат подолго во августовските горештини.
Има страв од иднината и луѓето не се расположени да одмараат, посочува градоначалникот на Тасос, Костас Хадзиемануил.
Забарот, кој се ангажирал со политика, ја направи оваа проценка недела откако лидерите на еврозоната се согласија да започнат преговори за третата за пет години спасувачка програма за Грција. Тој изрази надеж дека договорот, макар и да вклучува зголемување на даноците за островите, може да стави нов почеток за неговата земја.
Ќе видиме дали договорот со кредиторите ќе го промени ставот и ќе ја зголеми посетеноста во август, наведува независниот политичар.
Ситуацијата е тешка, но не сум песимист, додава уште Хадзиемануил.
На мислење сум дека договорот беше потребен. Се случи. Треба да се држиме до него и да го претвориме во почеток на реално решавање на кризата, истакна тој.
Градоначалникот сепак е исклучок на овој остров од 380 квадратни километри. Незадоволството е вообичаеното расположение. Освен тоа има незадоволство меѓу оние кои го поддржаа премиерот од (крајна) левица Алексис Ципрас на референдумот на 5 јули, кога грчките гласачи ги отфрлија мерките за штедење, кои потоа неговата влада ги промени и усвои минатата недела.
" Го избравме Ципрас, за да направи една работа", вели 40-годишниот Танасис Мандзавелас, сопственик на хотел Delfinia во главниот град на островот.
"На референдумот повторно изјавивме тој да направи една работа, а потоа го направи спротивното. Мислам дека Грција треба да прогласи банкрот, да почне одново веднаш. А наместо тоа зедовме уште еден заем. Кризата продолжува пет години, а сега само ја продолжуваме ", додава тој.
Според локалните жители отсутните, но исклучително важни западноевропски туристи го избегнуваат островот поради информациите за редици пред банкоматите и шпекулациите дека Грција може да остане без гориво.
Може сепак уште нешто да ги држи Германците настрана: многу Грци речиси се насмевнуваат со презир, кога ќе се спомене Германија. Тие ја обвинуваат владата на канцеларот Ангела Меркел за наметнатите мерки за штедење.
Инсистираат на тоа дека не е ништо лично и германските туристи се добредојдени. И иако има малку информации за антигермански недоразбирања на островот, тие сепак се случуваат според германски онлајн форуми за грчкиот туризам.
Волфганг и Зилка Шенк од западногерманската град Билефелд се вратиле на Тасос со ќерка си Јозил на одмор. Тие посочуваат дека се одлучиле за патувањето по некое размислување.
"Загрижени сме да ги носиме сите свои пари во готово, се грижиме за гориво, за вжештената атмосфера", прецизира Волфганг Шенк. "Решивме сепак да тргнеме, бидејќи ја сакаме Грција. Луѓето отсекогаш биле пријателски настроени и не сакавме да им вртиме грб, кога имаат потреба", додава тој.
Обработка: К.К.
Ивзор: BTA
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




