18 Декември, 2025
0.0879

Таткото на девојчето каснато од риба змеј објасни што да направите при ваков убод

Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2023 19:36

Добивај вести на Viber

Oтровна риба змеј касна девојче од Србија во познато грчко одморалиште, поради што се вознемири многу капачи кои летуваат токму на грчкиот брег.

Мајка на 8,5 годишно девојче преку Фејсбук групата „Грчка инфо“ ја извести јавноста дека нејзината ќерка згазнала опасна риба, која испушта отров при каснување. Позната е како змеј риба, а нејзиниот отров е толку силен што доведува до парализа на говорот, а кај постарите срцеви пациенти до срцев удар.

Александар Томиќ, таткото на девојчето, се приклучил на утринската програма на ТВ „Прва“ од Грција и детално раскажал што се случило тој ден. Неговата ќерка сега се чувствува добро, а благодарение на спасувачот кој им кажал дека топлата вода го извлекува отровот, агонијата не траела долго.

„Ќерката веќе следниот ден беше добро. Бевме на плажа и кога таа излегуваше од вода ја згазна таа риба во плиткото и почна навистина силно да вреска од болка. Не знаев што се случи, дали се пресече, не ми беше јасно дека толку вреска. Ја погледнав ногата и ја измив со вода. Имаше едно момче, спасител на плажата и ни рече дека е змеј риба, ни рече да ги ставиме нозете во топла вода“, вели Александар Томиќ, пренесе „Блиц“.

Тој вели дека штом ја ставиле ногата на детето во топлата вода, веднаш се чувствувало подобро. 

„Се јавивме на докторот, кој ни рече да дадеме антиалергиски лек и бруфен што поскоро. Веќе беше подобра, помалку ја болеше ногата“, изјави Томиќ за „Прва“.

Тој исто така истакна дека ваква ситуација не се случува толку често.

„Како што рекоа, тоа се случува еднаш месечно. Таа риба ја има и во Јадранското море, секаде може да се случи… И кај нас има некоја отровна риба. Децата можат многу полесно да се справат со тоа отколку возрасните. Срцевите пациенти може да доживеат и срцев удар. Сопругата објавила на групата, за луѓето да знаат што да прават во такви ситуации. Топлата вода е најважна“, вели Александар Томиќ.

Објаснува дека може да се стави и шише со топла вода. 

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии