17 Декември, 2025
0.0676

Таткото на Тијана го уценувале медиуми?

Објавено во: Балкан 08 Август, 2014 11:31

Добивај вести на Viber

Некои медиуми беа премногу сурови при известувањето за исчезнувањето на 15-годишното девојче Тијана Јуриќ во Србија, се пожали нејзиниот татко Игор Јуриќ. Откако телото на неговата ќерка беше пронајдено, тој откри дека дел од медиумите дури и го уценувале да им даде изјава, затоа што во спротивно нема да ја објават нејзината фотографија. „Нема да ги именувам, тие знаат за кого станува збор. Кога човек ќе се најде во таква ситуација да му го нема детето, тогаш вие, медиумите, на некој начин пакувате уште 10 други работи, па не ти е доволна болката што ти го нема детето, туку мора да се бориш и со сите останати работи за да се оправдаш“, изјавил тој. Дел од медиумите во Србија, по информацијата за исчезнувањето на Тијана, објавуваат текстови според кои како причина за киднапирањето се наведуваше наводен долг кон лихвари што го имал нејзиниот татко. На ваквите обвиинувања реагираше српското Здружение на новинари, кое ги потсети новинарите и медиуми на Кодексот и етичките норми до кои мора да се придржуваат додека известуваат особено за вакви чувствителни прашања. „Според професионалните стандарди, новинарите не смеат да ветуваат поволно известување во замена за информации. При собирање на информациите, тие не смеат да се користат со изнуда, поткуп или прогонување на изворите. Во моментот кога тоа девојче се водеше како исчезнато, објавувањето на нејзината фотографија значеше зголемување на шансите Тијана да биде пронајдена“, нагласуваат од новинарското здружение.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни