19 Декември, 2025
0.0363

„ТАТО СÈ УШТЕ НЕ ВЛЕГУВА ВО СОБАТА“: потресно сведоштво на сестрата на Далибор - жртва во масакрот кај Младеновац

Објавено во: Балкан 04 Мај, 2025 13:54

Добивај вести на Viber

Поминаа две години од 4 мај, кога убиецот Урош Блажиќ изврши ужасен масакр во селата околу Младеновац, Мало Орашје и Дубон. Сузана Ранковиќ, сестрата на една од жртвите на Урош, Далибор Тодоровиќ, во гостувањето во „Блиц Лајв“ изјави дека 4 мај е секој ден за нејзиното семејство. Болката е иста, а сега само учат да живеат со неа.

Сузана гостуваше на телевизија „Блиц“ и рече дека пријателите на убиениот Далибор Тодоровиќ сè уште редовно доаѓаат да го посетуваат неговото семејство.

- Тие се на гробишта секоја недела, ако не пристигнат доаѓаат друг ден, но не нè заборавиле и им благодарам за тоа. Тие никогаш не ја заобиколија мојата куќа. Искрено, многу ми значи, ова се луѓето што ги сакаше - вели Сузана.

„Собата е иста како што ја оставил“

Собата на убиениот Далибор Тодоровиќ е иста како што ја оставил последниот пат, дури ни постелнината не е сменета две години, вели сестрата на трагично убиениот Далибор.

- Татко ми сè уште не влегува во собата, не мислам дека ќе влезе. Сè е исто како што беше пред две години. Неговото шише со вода е сè уште таму. Постелнината на креветот не е испрана. Сè што оставил во собата е недопрено - вели Сузана и додава:

- Дури и мајката, кога влегува во собата, има чувство дека нејзиното присуство ќе го расипе тој мирис - додава таа.

Како што вели таа, нејзиниот брат бил застрелан одзади, со седум куршуми.

- Тој дури и немаше шанса да се одбрани. Нема ден моето семејство и другите членови на семејството на убиените да не отидат на гробиштата. Во мојата куќа, телевизорот не е вклучен две години, има 50 негови слики. 

Тие зборуваат само за него, кога влегувам во куќата или има тишина или ги гледам моите како плачат - рече низ солзи сестрата на убиениот Далибор Тодоровиќ.


Извор: Блиц.рс 

Фото: Притнскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен