ТАВ ќе воведува бездопирни технологии на аеродромите во земјава: Некои земји ќе бараат тестови за Ковид-19 за патниците
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2020 07:35
ТАВ ќе инвестира во следниот период во бездопирни технологии и на таков начин ќе се обезбедува сигурноста и заштитата од ширење на вируси. Од компанијата за Фактор велат дека кога станува збор за Ковид-19 во иднина, кога ќе се отворат аеродромите, зависно од кризата, некои земји може да бараат сертификати за тест за КОВИД-19, за да ги примат патниците во нивните земји. Сепак нема потврда кога ќе се отворат двата аеродроми во земјава, а за тоа вчера прецизен одговор не даде ни министерот за здравство Венко Филипче.
„Сè уште е рано да се зборува за драматични промени кои ќе бидат имплементирани веднаш. Во првата фаза сите аеродроми ќе применуваат засилени санитарни мерки. Главната цел е да се спречи евентуалното ширење на вирусот од влезот на терминалната зграда сè до авионот, со примена на овие санитарни мерки, и да направиме луѓето да се чувствуваат безбедни. Како и да е, сигурно е дека одредени процедури ќе се сменат во иднина. На пример, аеродромите ќе инвестираат во бездопирни технологии. (touchlesstechnology). Зависи од развојот на кризата со Ковид-19, некои земји можат да бараат сертификати за тест за КОВИД-19, за да ги примат патниците во нивните земји, велат од ТАВ за Фактор.
Оттаму велат дека ги следат меѓународните искуства, препораки и упатства за враќањето на аеродромските операции по КОВИД-19, како и националните прописи. Во моментов се подготвуваат за повторно отворање на аеродромите и се надеваат дека тоа ќе се случи што поскоро.
Во моментов од двата аеродорми има само карго-летови и хуманитарни летови за враќање на македонските граѓани во земјава. Драстичното намалување на бројот на летови доведе до големо намалување на бројот на патници,при што во април, велат од ТАВ, има пад за 99 отсто на бројот на патници споредено со април 2019, а во периодот јануари-април бројот на патници опаднал за 38 проценти во однос на истиот период од 2019 година.
„Затворањето на аеродромите значи запирање на приходите, така што бараме решенија за да ја надминеме ситуацијата. Кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19 значително ја погоди авијациската индустрија на светско ниво, а тој негативен ефект ќе се чувствува одреден период и по нормализација на состојбата, додаваат од ТАВ.
Моментно најголем дел од вработените работат од дома.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери





