25 Февруари, 2024
0.0385

„ТE-ТO е добар проект, бисер од технички аспект“ - Бислимоски за стратешките инвеститори вели повеќе ќе внимаваат на пари, отколку државата

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Јасно е дека има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија очигледно е превисока, кај најголем дел од жалбите кои што се водат кај нас, ние ќе ги прифатиме, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Во интервју за РСЕ, Бислимоски појаснува дека таму каде што не е отчитано во изминатиот период редовно ќе направат ЕВН Хоум конечна пресметка.

-   И тоа ќе ги прифатиме на следниот начин. Доколку периодот на отчитувањето е 90 дена, ќе се направи една конечна пресметка, каде што, првиот блок го сведуваме на дневно ниво, иако е за еден месец тоа е 210 киловат часови, а ако е за 90 дена е 90 по 7, 630 киловат часови. На тој начин ќе му обезбедиме, непотребни количини на електрична енергија да не му одат во четвртиот блок и заради тоа велам дека блоковите, наместо периодот, ако е 90 дена на отчитување, првиот блок нема да биде 210 кило часови, туку ќе биде 630 кило часови, вториот блок ќе биде исто така како што е сега од 630 помножен до 3, така да за да имаат граѓаните реална пресмета - појаснува Бислимоски.

Во однос на предлог законот за стратешки инвестиции во енергетиката во Собранието, Бислимоски вели дека секогаш ќе ги поддржува инвестициите во енергетскиот сектор.

- За овие инвестиции се преговара, се договара некаде од 2019 година и од премиерот Заев и од премиерот Ковачевски, инвестициите како како Митилинеос, Стипион и другите две веќе беа спомнувани повеќе пати во јавноста. Можеме да кажуваме дека сега до крај не е соодветен периодот, но секоја Влада, претпоставувам дека при крајот на својот мандат сака да ги усвои овие инвестиции, кои што се во вредност од речиси 800 милиони евра и со еден од такви проекти да оди на изборите - вели Бислимоски.

Според него, со тој концепт на фидинг тарифа, до сега во државата се направени 130/140 мегавати мали хидроелектрани, ветерни електрани од 72 мегавата и се направија 17 мегавати фотоволтаици, кои што користат повластена тарифа.

- Тој концепт на повластена тарифа не се применува само во Македонија, се применува насекаде во Европската Унија за да може да се привлечат инвеститори, нагласува Бислимоски.

За 30 години независност, според Бислимоски, државата преку државната компанијата ЕСМ, изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати.

- Сето тоа останато што се изгради во енергетскиот сектор, се приватни инвестиции од приватниот сектор. Домашни компании, има и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати. Државата во изминатите 30 години, заради кусогледи политики, заради евтин популизам, од аспект- не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената, ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и да го изгаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула - посочува Бислимоски.

Прашан зошто државата да не изгради еден објект, како што е когенеративната централа на Метилинеос, Бислимоски, вели дека покрај Митилинеос, таква инвестиција треба да направи и ЕСМ.

- Но, да видиме за колку краток период може да го направи тоа државната компанија. Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата, ама јас ви тврдам. Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме. Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата - нагласува Бислимоски.

Во однос на ТE-ТO, Бислимоски вели дека е одлична термоелектрана и таа ќе си работи.

- ТE-ТO е добар проект. Јас сум експерт, не навлегувам дали била руска, шпанска, италијанска. Тука е во Скопје, бисер ни е од технички аспект. Исклучиво ни помага во делот на стабилизирање на напонот на нашата мрежа и ТE-ТO е одлична термоелектрана. Дај Боже да направевме уште 10 такви големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме - вели Бислимоски.

Имаме, нагласува Бислимоски, неколку проекти кои што се извесни и треба да ги реализираме - тоа е Чебрен, изградба на нова интерконективна врска со Грција и ширење на мрежи за природен гас на државата.

- И сега не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и да кажат „да, ќе ги тераме“. Чебрен не може да го заврши една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како Скопје 2014. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус - oценува тој. 

Можеби ќе ве интересира

ГО ДОБИВМЕ ЛИ НОВИОТ ЕКОЛОШКИ РЕК БИТОЛА? Расте производството на струја од сонце, ветер, вода и биомаса

ГО ДОБИВМЕ ЛИ НОВИОТ ЕКОЛОШКИ РЕК БИТОЛА? Расте производството на струја од сонце, ветер, вода и биомаса

УАПСЕНИ СЕ ДЕСЕТ ЛИЦА: Германија разби група Балканци кои вработувале на „црно“

УАПСЕНИ СЕ ДЕСЕТ ЛИЦА: Германија разби група Балканци кои вработувале на „црно“

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МИНЕРАЛНА ВОДА - „Ова е голема измама“

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МИНЕРАЛНА ВОДА - „Ова е голема измама“

НАРОДНИТЕ ОБВРЗНИЦИ И ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ СТАНАА ПОПУЛАРНА СТОКА - еве зошто сѐ повеќе во нив вложуваат хрватските и европските граѓани

НАРОДНИТЕ ОБВРЗНИЦИ И ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ СТАНАА ПОПУЛАРНА СТОКА - еве зошто сѐ повеќе во нив вложуваат хрватските и европските граѓани

Транспортерите и превозниците со приоритет за нов пасош

Транспортерите и превозниците со приоритет за нов пасош

На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО

На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО

БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - за нив плати околу 133 илјади евра

БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - за нив плати околу 133 илјади евра

НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ - трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената

НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ - трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената

ЕСМ на „тенка линија“ со стратегијата за РЕК Битола: Ќе меша високоенергетски со слаб домашен јаглен

ЕСМ на „тенка линија“ со стратегијата за РЕК Битола: Ќе меша високоенергетски со слаб домашен јаглен