ТЕГНЕЛ ПРИЗНА: Шведска требаше да воведе повеќе ограничувања
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
Шведска призна дека требало да воведе забрани, затоа што стапката на смртност е огромна.
Контроверзната одлука на земјата да не воведе строг карантин како одговор на пандемијата доведе до премногу смртни случаи, призна човекот што ја смислил таа стратегија, Андерс Тегнел.
Тегнел призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Тој денес во интервју за Шведското радио се согласи со водителот дека премногу луѓе во таа земја починале, пренесува Би-би-си, и изјави дека требало да се направи повеќе во почетокот.
Шведска е осма во светот по стапката на смртност од коронавирусот, и таму до денес починаа 4.468 луѓе, додека соседна Норвешка, Данска и Финска поединечно имаат по помалку од 600 жртви. Данска има 580 смртни случаи, Норвешка 237, а во Финска досега има 320 починати од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.