Техеран: Дефинитивен договор за нуклеарното прашање само со откажување на санкциите
Објавено во: Свет 09 Април, 2015 20:42
Иран ќе го потпише конечениот договор за нуклеарното прашање со шестте големи сили само со откажување на сите наметнати санкции против Техеран во врска со спорната нуклеарна програма. Тоа го изјавил во телевизиското обраќање иранскиот претседател Хасан Рохан.
„Нема да потпишам никаков договор, освен ако уште истиот ден не бидат повлечени сите санкции ... Сакаме таков договор, од кој сите страни во преговорите ќе се профитабилни", ијзавил Рохан.
Претходниот договор меѓу Иран и шестте светски сили (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија), што беше постигнат минатата недела во Лозана, ја оживеа надежта за крај на санкциите во замена за ограничувања на иранската нуклеарна програма.
Крајниот рок за склучување договор е 30 јуни, а во следните денови се очекува Иран и шесторката да одржат средба на која ќе го разгледаат конечниот договор.
Во својот говор Рохан, исто така, додал дека Саудиска Арабија треба да ја запре континуираната веќе две недели кампања на воздушни напади против шиитските бунтовници хуси и изјави дека земјите во регионот треба да работат за прекин на завојуваните сили во Јемен и да се преговара за истата.
„Голема земја како што е Јемен нема да отстапи пред бомбардирањата. Ајде, ајде сите да размислиме за прекин на војната. Да размислиме за прекин на огнот“, посочил Рохан. „Да се подготвиме за да ги доведеме Јеменците на масата за преговори, за да се донесат одлуки за својата иднина“.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




