14 Мај, 2024
0.0276

Tехнологии кои треба да ги следиме во 2014

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Да си ја проверите електронската пошта или профилот на Фејсбук во движење, веќе е нешто сосема вообичаено. Сега мобилните направи се за пазарување и за банкарство. Сето тоа води го загуба на пазарите за компјутери и фотоапарати. Аналитичарите велат дека производителите ќе мораат да бидат во чекор со навиките на корисниците, ако сакаат да останат во бизнисот. Очилата на Гугл со екран на окото и онлајн врска можат да бидат пуштени во широка употреба во текот на 2014 година, а Самсунг може да го пушти часовникот Галакси гиар, иако одзивите за него не беа нешто добри. Се најавува и ајвоч на Епл. Тродимензионалното печатење. Тој нов начин на печатење може да направи секакви нешта, од пиштоли до кваки за врати и резервни делови за садомијалници. Изгледа дека оваа технологија наскоро ќе биде ширко продавана, како што станува се поевтина. Синџирите за онлајн трговија зацртуваат свет во кој луѓето пазаруваат на интернет, а потоа дома сами си ги печатат купените работи. На пазарот се очекува да биде и пуштен првиот автомобил кој сам управува. Неочекувано но изгледа возможно такви автомобили да има по патиштата до 2020 година, иако остануват некои законски и технички пречки. Одделни елементи од новата технологија веќе се стандард во луксузните автомобили Домот поврзан со мрежата: откако неколку години беа истражувани нешта како што се машините за перење поврзани со интернет, сега се од лампите до затоплувањето конечно може да биде контролирано преку смартфоните. Во текот на следните години можно е да има над 50 милијарди нешта поврзани со мрежата, иако тој сектор се уште работи по општите стандарди. Големото количество податоци: современиот живот произведува се повеќе податоци. Сега моќни компјутери се обидуваат да ги претворат во полезни факти, кои можат да се искористат за спречување на распространување на болестите, за предупредување од катастрофи или за некои производствени линии кои ги покриваат сегашните потреби. Неодамнешните скандали поврзани со личните податоци всушност може да го ризикуваат тој процес. Биткоини и слично: на почетокот на годинава еден биткоин се разменуваше за 13 долари. Сега еден биткоин вреди над 1000 долари, а цената продолжува да расте. Криптирана заштита: методите за заштита на електронските комуникации не се ништо ново, но станаа многу попопуларни со секој бран на вести за програмите за следење кое го спроведуваат американските шпиони. Исто така се очекува на пазарите да се појави постабилен софтвер за кодирање.  

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!