05 Декември, 2025
0.0295

„Текнохозе“ удри темел на втората фабрика во Бунарџик, најави за 150 вработувања

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2013 20:02

Добивај вести на Viber

Во присуство на државниот врв, италијанската компанија „Текнохозе“ или кај нас регистрирана како „Витек Македонија“ ставање камен-темелник на вториот објект. Се гради во индустриската зона во Бунарџик, а во фабриката ќе се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок. Премиерот Никола Груевски, кој беше на поставувањето темелник, вели дека „Текнохозе“ е прв странски инветитор кој за само една година решил повторно да инвестира во нашата земја, додека Џонсон Контролс на пример, ваква одлука носи по дури четири години од првата инвестиција, Џонсон Мети по две години, а Текнохозе, вели Груевски реинвестирање по само една година. Ова, за премиерот, е силна препорака за сите инвеститори. „Со новата фабрика која ќе се гради на овој простор „Витек Македонија“ двојно ќе ги зголеми своите капацитети и тројно ќе го зголеми своето производство. Со тоа ќе го зголеми и сопствениот извоз, но и извозот на Република Македонија“, речеГруевски. Погонот ќе има површина од 12.000 метри квадратни од кои 8.500 ќе бидат за производство, а 3.500 магацински простор. Се прават две рампи за утовар меѓу сегашниот и новиот објект, а градбата ја прави  фирмата „Актива ДОО Штип“.  Новата инвестиција се проценува на 11 милиони евра, а треба да биде готова до декември 2015 година.
Како што појасни Антонио Витило , сопственик на „Витек Македонија“ првата инвестицијачинела пет милиони евра и биле вработени 35 лица кои произведувале по 15.000 метри армирани гумени црева дневно. Во втората фаза, рече тој за време на свеченоста,  производството ќе се зголеми на 45.000 метри армирани гумени црева дневно до 2015 година, поради нарачките на клиентите.
Првиот објект на „Витек Македонија“има површина од 3.000 метри квадратни, а заедно со новиот објект компанијата ќе вработи вкупно околу 200 лица. „Текнохозе“ е членка на Групацијата „Витило“ која има два правни субјекта „Групо Витило СРЛ“ што се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и „Текнохозе СРЛ“ за производство на армирани гумени црева. Групацијата има годишен обрт од 36 милиони евра и шест фабрики со околу 200 вработени во Италија. Во новиот објект во Македонија, треба да се примат на работа околу 150 лица.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите