29 Септември, 2024
0.0245

Текстилците ги чека тешка битка, се очекува нов банкрот во месната индустрија!

Објавено во: Анализа 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

АНКЕТА: Кои се очекувањата на бизнисмените за втората половина од 2014? Текстилната индустрија очекува засилена и нелојална конкуренција, месната индустрија зголемување на трошоците за производство и нови банкроти. Од Стопанската комора на Македонија очекуваат дека и второто економско полугодие ќе испорача позитивни показатели но бараат поголема поддршка за производствените капацитети. Еве какви се очекувањата на дел од бизнисмените што ги анкетираше “Фактор“ Влатко Ѓеоргиевски “МИК Свети Николе“: Рамноправен третман! “Во втората половина годинава значен исчекор за месната индустрија би бил доколку се остварат најавите за намалување на ДДВ за живата стока. Владата ја најави оваа мерка но засега се остана само на најава, ништо од тоа не е спроведено, а овој потег е значаен бидејќи тој ќе помогне во намалување на сивата економија. “ – вели Ѓеоргиевски од месната индустрика “МИК Свети Николе“ и додава: “Следно што мора да се спроведе е воведување на стандардот ХАСАП од страна на сите стопански субјекти, односно оператори со храна. Овој стандард, што гарантира безбедност на храната, мора да биде применете од сите. И она што е најважно е да се изедначат условите во овој бизнис, односно состојбата со големите давачки за сурозвини од една страна и слободниот увоз на готов производ од друга страна и натаму ќе влијаат негативно во бизнисот со месо и месни преработки“ – оценува Ѓеоргиевски. Јелисавета Георгиевска, Стопанска Комора: Поголема поддршка за производството! “Генерално, ако се погледне во извозната структура како и во секторите на кои се потпира растот на БДП, потребно е во следниот период да се даде поголем приоритет во поттикнување на домашните компании да инвестираат во прозводствени капацитети. Добро е што државата договори со Европската инвестициона банка кредитна линија за подршка посебно на мали и средни претпријатија преку Македонската банка за подршка на развојот. Потпишан е Договор за заем помеѓу МБПР и ЕИБ во износ од 100 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Со потпишувањето на овој договор се отпочнува со реализација на четвртата фаза од ЕИБ кредитната линија. Овие кредити се даваат со доста поволни кредитни услови.“ – вели за “Фактор“ Георгиевска од Стопанската комора на Македонија и додава: “Иднината на македонската економија треба да се гледа во развој на приватниот сектор во услови на здрава конкуренција. За тоа клучни фактори се раст  на производните инвестициии и раст на извозот. Порастот на инвестициите и зголемувањето на конкурентноста на земјата бара функционален систем на различни институции и донесување одлуки и бенефиции во контекст на одредени фактори кои влијаат на продуктивноста на економијата и општеството како целина.“ – смета Георгиевска. Маријана Перковска, Текстилен кластер: Прогнозите не се оптимистички! “Во следниот период конкуренцијата во текстилната индустрија ќе биде уште поголема. Текстилното производство се врака во Србија, но и  Албанија со големи чекори се движи во овој прсвец. Соседна  Бугарија исто така. Перспективите за домашните текстилни компании не се многу оптимистички.“Квалитетот веке не е тема, однсно адут кој  дава  предност бидејки тој  се подразбира. Сега конкрентноста е во цени, брзина на изработка и испорака а во тој дел, ние како економија, односно како сектор,  стануваме се понеконкурентни. Потребни се мерки доколку сакаме оваа домашна индустриска гранка да опстои. Не треба да го заборавиме и увозот од Турција и Кина.“-  вели Перковска од Текстилниот кластер и додава: “Сега има најава дека во текстилниот бизнис ќе инвестираат кинески компании, ореходно беа турски, па оттука се поставуваат серија на прашања : Дали сме ние поевтини од Кина, Дали странските компании ке ја развиваат нашата економија? Каде е тука интересот на домашната текстилна индустрија ? Дали оваа гранка со странските инвестиции ќе го смени досегашниот наметнат имиџ на "експлоататорска" индустрија? И конечно, дали странските инвеститори ќе го полнат повеке буџетот од домашните фирми, во секој поглед ? Ние како кластер бараме поголема подршка за домашните компании со цел зголемување на нивната конкурентност“ – смета Перковска. А.Д.