Телеком ги повикува гејмерите да се пријават за T-esport Championship, со награден фонд од 100.000 евра
Објавено во: Мои пари 13 Август, 2025 11:48
Четврта година по ред, Телеком го организира онлајн гејминг турнирот T-esports Championship (TEC), кој ги обединува врвните гејмери низ Европа, вклучувајќи ги и гејмерите од Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Црна Гора.
Турнирот ќе започне на 8 септември, а финалето ќе се одигра на 15 и 16 ноември во Hungexpo во Будимшпешта. Најдобрите играчи од Европа ќе може да се натпреваруваат во 4 игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawl Stars и за прв пат Rocket League. Оваа година за победниците е обезбеден атрактивен награден фонд од дури 100.000 евра.
T-esports Championship е повеќе од само обичен турнир, што ги спојува врвните гејмери од Централно Источна Европа со млади ентузијасти и им дава шанса да ги тестираат своите можности против сериозно голема и силна конкуренција од повеќе европски земји.Овој шампионат ја поттикнува тимската работа, логичкото размислување и им помага на младите да ги истражат сопствените потенцијали во дигиталниот свет.
Регистрациите за турнирот ќе започнат на 13 август и ќе можат да се направат преку веб-страната www.tesports.gg, по што ќе следуваат квалификации а по нив и официјалниот дел од турнирот, кој ќе се одигра во Swiss фаза. За да се истакне интернационалниот аспект на турнирот, секоја екипа ќе мора да пријави 1 или 2 играчи од земјите учеснички во T-esports Championship: Македонија, Полска, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Минатата година, повеќе од 12.000 гејмери беа регистрирани за турнирот, со преку 9.300 активни гејмери и преку 14.000 кои беа присутни во публиката за време на финалето кое се одигра во Hungexpo. Поради големиот успех, земјите кои го организираат TEC решија и оваа година Будимпешта да биде дом на финалето, како дел од саемот PlayIT.
Телеком ја поддржува гејминг заедницата затоа што верува во моќта на технологијата да ги обединува младите, да поттикнува тимска работа, креативност и дигитална писменост. Со обезбедување брз и стабилен интернет преку најсовремената оптичка мрежа, Телеком создава услови за врвно гејминг искуство.
За повеќе инфо, посетете ја веб-страната www.tesports.gg и следете ги профилите на социјалните мрежи на Македонски Телеком и T-esport Championship.
Пријавете го вашиот тим и подгответе се за забава!
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





