05 Декември, 2025
0.0287

Телевизиите, ММИ, Министерството за култура: Кој ќе ја спаси македонската музика!?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2013 20:33

Добивај вести на Viber

Трите телевизии со национална концесија, Сител, Канал 5, Алсат-М, остануваат на одлуката да не пуштаат македонска музика и побараа да се одземе лиценцата на Македонската Музичка Индустрија, ММИ. Телевизиите упатија писмо и до министерката Елизабета Канческа-Милевска во кое стои дека почнувајќи од вчерашниот ден, прогласен е мораториум за емитување на било кој вид на домашна музика. „За жал, не вродија со плод нашите аргументи дека ТВ станиците не експлоатираат фонограми, туку аудио-визуелни дела, односно видеограми за кои ММИ нема добиено лиценца. Очигледно е дека ММИ не ги прифати многуте забелешките на Министерството за Култура, а згора на тоа, без никаква правна логика и разум достави известување до нашите ТВ куќи дека со почеток на оваа година ќе започне со побарување на средства без никаков законски основ, при тоа нудејќи ни дури и одредени попусти“, соопштика трите телевизии. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска побара до неа да се достави дописот од ММИ, за да се изнајде заедничко решение. „ Ние претходно, по извршениот надзор, препорачавме да се преговара и да се договорат условите на соработката помеѓу телевизиите и ММИ околу начинот на прибирање на средствата. Доколку здружението ММИ не постапило по препораката и не доставило допис за договарање и преговарање за наплатата и тарифникот, не може и неприфатливо е да врши наплата. Доколку тоа е сторено, Министерството ќе преземе соодветни мерки“, изјави министерката Канческа-Милевска. Инаку ММИ  почна со работа пред неполн месец кога повика на поддршка за заштитата на правата на продуцентите и изведувачите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?