ТЕМА БЕШЕ И КОСОВО: За што друго разговарале Вучиќ и Лавров?
Објавено во: Балкан 26 Август, 2025 17:28
Српскиот претседател Александар Вучиќ имал долг и срдечен разговор со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, објави Србија данас.
Претседателот изјави дека разговарале за билатералните односи, се договориле за натамошно унапредување на економската соработка, учество во заеднички проекти, а истовремено ја анализирале политичката соработка, со желба за понатамошно подобрување на комуникацијата и соработката во различни форуми, организации и институции на меѓународно ниво.
Тој воедно нагласи дека ја разгледале ситуацијата во регионот, пред сè политичката состојба во Босна и Херцеговина(БиХ), кризата која е, како што рече, предизвикана однадвор, со постојани напади врз Република Српска.
„Го информирав министерот Лавров и за внатрешната ситуација, особено во врска со состојбата на Косово и Метохија и обидите за постојан прогон на нашето население од вековните огништа, како и за молкот на најголемиот дел од меѓународната заедница. Се договоривме да продолжиме да работиме на развојот на нашите односи во различни области“, пишува во објавата на претседателот на Србија на Инстаграм.
Србија е една од ретките земји што не воведе санкции за Русија поради руската инвазија на Украина.foto Instagram
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





