05 Декември, 2025
0.2815

Темната страна на САД…

Објавено во: Анализа 05 Септември, 2013 09:29

Добивај вести на Viber

Силиконската Долина е најинветивниот дел на планетава. Така барем делува по компаниите кои се таму стационирани.

Погледнете ја мапата на овој регион:

Епл, Интел, Адоб гигантите во ИТ светот. Тука живеат и нивните сопственици во домови кои чинат неколку десетци милиони долари.

Сепак Силиконската долина ја покажува и темната страна на САД. Овој текст уште еднаш покажува дека најголемата економија во светот е земја на крајности. Запрепастувачки делува во една од најбогатите земји во светот да владее 15% сиромаштија и милиони да зависта од социјална помош, но токму тоа е вистинската слика на САД.

Со црвена боја може да видите колку кампови има за бездомници само во овој дел на САД, скоро сите лоцирани во Сан Хозе, неофицијално главниот град на Силоконската Долина.

Еден од овие кампови го нарекуваат Џунгла (зумиран во долниот десен дел на горната слика. Тој е најголемиот камп и во него некои луѓе живеат и по десетина години. Во Џунглата бројот на жители варира, но тука редовно престојуваат најмалку луѓе кои немаат никаков покрив над главата.

Погледнете ја Џунглата, местото кое е такаречи во дворовите на најголемите ИТ компании во светот:

Може да замислите под какви услови живеат луѓето тука, а некои од нив остануваат со години бидејќи немаат друг избор

Ова е последна станица за многу луѓе кои се болни, кои ја имаат загубено работата или бизнисот. Ова е дом на жена на која и пропаднал семејниот бизнис. Нејзината ќерка живее во кампот кој е блиску до џунглата

Уште еден од “домовите” џунглата. Тука живее 56 годишна жена.

Во желбата да се освои поголем простор постојано се копа и се отвараат нови шатори. Како што доаѓаат нови луѓе така настануваат поголеми проблеми.

Оваа жена направила подземно засолниште  со цел да се справи со честите провали и кражби кои  се случуваат.

Главно занимање е собирање на отпад за рециклирање.

Дом на дрво, направен од столар без работа

Сите слики кои ги видовте погоре веќе не постојат. Полицијата во Сан Хозе по којзнае кој пат ја расчисти џунглата и беа исфрлени неколку тони ѓубре. Но сите знаат дека наскоро се ќе почне од почеток. Луѓето едноставно нема каде да одат.

Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени