Добивај вести на Viber
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) извести дека тендерот за набавка на вагони и обнова на постоечките локомотиви, вреден 59 милиони евра, е одложен за шест месеци. Според известувањето од банката, тендерот ќе биде објавен во вториот квартал годинава, наместо во последниот квартал лани.
„Македонски железници транспорт“ треба кредит од 59 милиони евра, доделен од страна на ЕБОР, да го искористи за набавка на 150 товарни вагони, три дизел и три електрични возови, како и обнова на три електрични локомотиви, објави Плусинфо.