21 Мај, 2018
0.6458
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

Тензии меѓу СДСМ и БЕСА, Касами го предупреди Заев

Објавено во: Анализа 06 Октомври, 2017

СДСМ и БЕСА значително ги заладија односите по посетата на Заев на Тетово каде и даде максимална поддршка на градоначалничката Теута Арифи од ДУИ за нов мандат. Против нив демонстрираа активисти на БЕСА во обид да се кренат тензии, но се помина без поголем инцидент. 

Сега од функционери на ДУИ, но се почесто и од претставници на СДСМ се бара БЕСА јавно да признае дека соработува со ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе имаат коалиција на изборите во повеќе општини, ако не директно во првиот тогаш сигурно во вториот круг барем таму каде ќе имаат шанса да победат. 

Токму протестот на активисти на БЕСА ја прели чашата и кај самиот лидер на СДСМ Зоран Заев кој директно ја посочи албанската опозициска партија како играч во тимот на Груевски. Заев обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи БЕСА во Чаир, Тетово и Скопје, општини во кои тие ќе ја бараат довербата од граѓаните заедно со ДУИ главниот ривал на албанската опозициска партија.

Секако, овие обвинувања не поминаа неодговорено и од страна на Билал Касами, лидерот на движењето БЕСА кој му порача на премиерот да внимава бидејќи тие се вистинскиот глас на Албанците во Македонија. Според Касами, СДСМ овозможила рециклирање на кариерата на корумпирани политичари, па затоа БЕСА нема да дозволи да им биде нивни привезок, ниту на нив ниту на ДПМНЕ.

Тензиите меѓу двете партии се очекувани, БЕСА на парламентарните избори успеа да освои само 5 пратенички места кои не беа доволни за заедно со СДСМ да формираат влада и штом Ахмети му даде согласност на Заев за неговите 10 пратеничка гласа беше сосема јасно дека ќе преминат во опозицијата. 

Тоа што не е јасно е зошто БЕСА се приближува до ВМРО-ДПМНЕ кога долго време беа едни од најгласните критичари на „режимот“ на Груевски и бараа целосни промени во државата. 

На БЕСА не и одговара јавно обелоденување на можна соработка со ДПМНЕ која ја претставуваат за антиалбанска партија, но добивањето на неформална поддршка која не може да се докаже е добра шанса да освојат неколку градоначалнички места од каде подоцна ќе ја градат својата позиција против ДУИ.

Автор: Христијан Станоевиќ