Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2025 17:20
Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој е еден од 16-те загинати лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од утрово. Имено, таму попладнево пристигна полициско засилување - полициска бригада за разбивање демонстрации.
Тензиите растат пред Домот на Народното собрание во Белград и откако полицијата не ѝ дозволи на Дијана Хрка да се приближи до Собранието за да го започне таму штрајкот со глад, по што граѓани спонтано почнаа да се собираат за да ја поддржат.
Меѓутоа, како што бројот на граѓани почна да се зголемува, српската полиција распоредува дополнителни сили.
Полициска бригада, во целосна опрема за разбивање на демонстрациите, ги оттурна претходно граѓаните кон булеварот Кнез Милош, додека луѓе од таканаречениот Ќациланд (спроти Собранието во шатори) се собираат во голем број во оградениот простор околу Собранието.
На видеата што се појавуваат на социјалните мрежи, можете да видите како полицијата ги потиснува граѓаните, вклучувајќи го и поранешниот кошаркар Владимир Штимац.
Сепак, полицијата во опрема за разбивање на демонстрациите повторно се позиционираше наспроти граѓаните зад оградата, а сè поголем број полицајци се групираат во оградениот простор околу Собранието.
Граѓаните и Дијана Хрка останаа пред железната оградата што беше поставена за никој да не може да се искачи пред Собранието. Сè повеќе луѓе се собираат во поддршка на Дијана Хрка, но во меѓувреме, повеќе луѓе пристигнаа и во таканаречениот Ќациленд.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




