12 Мај, 2024
0.0229

Тепачки и борба за храна и гориво во делови на Њујорк

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Недостиг на храна и гориво во одредени делови,  се едно од последиците со кои се соочува Нујорк. Снабдувањето е отежнато поради поплавувањата предизвикани од ураганот Сенди. Во голем број бензински пумпи во Њујорк и во соседниот Њу Џерси вчера имало долги редови на возила, а избиле и тепачки меѓу возачите, особено кога ќе се пронел глас дека пумпата е при крај со гориво.
- Страшно е надвор. Луѓето се туркаат, влегуваа едни пред други во редот. Ова не се случило во Њу Џерси, изјави за телевизијата Фокс Бети Бетеа, која три часа барала отворена бензинска пумпа во Њу Џерси.
Многумина граѓани јавија случаи на тепачки, па дури и употреба на ножеви и оружје, за да се дојде побрзо на ред.
Јавниот сообраќај во Њујорк се уште е парализиран, со неколку линии на метрото кои работат, поради што граѓаните се принудени да ги користат автомобилите. Огромната постројка Линден во Њу Џерси, од каде голем дел на Њујорк се снабдува со гориво, останал без струја и не може да ги полни цистерните. Други, помали магацини за гориво, биле поплавени. Рафинериите, магацините за гориво и бензинските пумпи се на приоритетната листа за дистрибутивните компании за поврзување на струја, но работата се уште не е завршена.
Неколку огромни рафинерии за нафта во близината на Њујорк се уште не проработеле повторно, по ударо на Сенди. Се очекува денеска да проработи и но моменталниот недостиг на пумпите не се должи на застојот во рафинериите, туку е до магацините кои го дистрибуираат горивото до пумпите.
Бурата го затвори и Колонијалниот нафтовод, главната артерија за пренос на бензин од рафинериите во Тексас до потрошувачите во североисточниот дел на САД, која е зависна од електрична енергија за нејзините пумпни станици. Се очекува оваа линија да проработи денеска.
Во Стејтен Ајленд граѓаните се соочени и со недостиг на храна, и гориво за греење на ниските температури.
- Гладуваме, се мрзнеме. Имаме луѓе со по 90 години. Поминаа веќе три дена, донесете камиони, побарала Дона Соли од Стајтен Ајленд преку телевизијата Еј-би-си.
Повеќето смртни случаи од ураганот Сенди во Њујорк беа на Стејтен Ајленд, а околу 80.000 жители на островот се уште се без струја. Недостиг на храна има и во населбата Хобокен, на реката Хадсон. Повеќето продавници таму се затворени, а 50.000 луѓе се уште се без струја.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо вчера најави испраќање на подвижни кујни во деловите на градот каде недостасува храна, како и ангажман на Црвениот крст за снабдување со хуманитарна помош. Куомо распореди над 1.000 припадници на националната гарда на Њујорк за да спречи безредија и кражби, кои се јавуваат во евакуираните делови на градот, пред се на Кони Ајленд. Тој упати отворено писмо до директорите на најголемите електро-дистрибутивни компании во неговата држава, во која ги предупредува дека ќе се соочат со казни ако не го забрзаат поврзувањето на исклучените граѓани и компании на мрежата, како и поради тоа што не се подготвиле доволно добро за ураганот иако имале недела дена време. Куомо дури се закани со одземање на лиценците на дистрибутерите и бара смени во раководствата.