Добивај вести на Viber
Јапонската компанија за електрична енергија Tokyo Electric Power ( Teпко ) која е оператор на оштетената нуклеарна централа "Фукушима " , соопшти дека побарала од државата дополнителна помош од 999,5 милијарди јени ( скоро 7 милијарди eвра) за исплата на надомест на жртвите на несреќата .
Teпко го аргументира своето барање кон специјалната структура за финансиска компензација со потребата да ги обештети луѓето за имотни , душевни и други штети предизвикани на физички и правни лица.
Тоа е седмиот случај кога Тепко сака паричен аванс по почетокот на кризата , без да се сметаат парите што државата ги има инвестирано директно во капиталот на компанијата. Претходниот аванс од 666 милијарди јени ( 4,6 милијарди eвра) беше доделен во мај годинава.