ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ: Денот на косовските безбедносни сили се одбележува со амблеми на „Голема Албанија“
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2023 16:38
Провокација со амблем со територијални претензии стигна од Косово.
На Косово денеска се слави 27 ноември – Денот на силите или Денот на косовските безбедносни сили (КБС). Сите нивни касарни се отворени за граѓаните – во јужниот дел на Митровица, Гњилане, Призрен, Урошевац, Косово Поле, Исток, како и во Приштина.
Освен голем број граѓани кои денеска, како што пренесуваат медиумите, отишле во касарната „Адем Јашари“ во Приштина (поранешната предвоена касарна „Маршал Тито“, за да ја видат опремата на КБС, таму присуствуваа и претседателката Вјоса Османи и премиерот Аљбин Курти.
Привлекоа внимание амблемите на „Голема Албанија“ што некои членови на КБС ги закачија на своите униформи, како и на тешкото оружје, што ги фотографираше објективот на „Калксо“. На амблемите пишува „Се гордееме со вас“.
„Некогаш ОВК сега КБС“, „Нема да се предадеме, живи убијци само ќе поминат преку моето мртво тело“, пишуваше на плакати.Претходно, кога Курти беше во Тетово се вееше знаме на „Голема Албанија“. За овој настан пишуваа и многу српски медиуми.
Карта на „Голема Албанија“ имаше и во музејот во кумановското село Сопот, но таа беше тргната по бурните реакции.
Општина Куманово поднесе кривична пријава за овој музеј.
foto Kallxo
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




