Тешка година за охридскиот туризам! Која хотелска компанија е во минус од 442.000 евра?
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2020
Приходите на трите хотели на компанијата „Хотели Метропол“ за првите девет месеци се само 32 отсто од прихдите кои за истиот период биле генерирани лани. Еве што е резултатот на „корона вирусот“ врз работата на најголемата охридска хотелска компанија. До крајот на септември друштвото е во загуба од 442.000 евра
Охридската туристичка индустрија е на големо искушение. Силен е ударот на корона кризата врз оваа услужна дејност од која нашата држава генерираше значајни конвертибилни финансиски средства. Ако се суди според најголемиот и клучен учесник на охридската туристичка понуда годинава ќе биде „леле мајко“.
„Хотели Метропол“ за првите девет месеци годинава е во загуба од 442.000 евра . За овој период (всушност активно работење од средината на јуни до крај на септември н.з.) друштвото кое управува со три хотели на охридската ривиера и има најголем сместувачки капацитет остварило приход од 905.000 евра. Тоа е само 32 отсто (односно една третина) од приходот што компанијата го остварила во овој период минатата година. Ако е ова примерок за поголемиот број на охридски хотелиерски компании тогаш сезоната навистина ќе биде многу тешка!!!
Расходите на „Хотели Метропол“ за периодот јануари – септември изнесуваат 1,38 милиони евра и се за 35 отсто пониски од истиот период лани. Споредбата на приходите и расходите покажуваат дека „Метропол“ најголемата орхидска хотелска компанија има „загуба во супстанца“ од околу 440.000 евра.
На страната на расходите има кратење на трошоците кај суровините и материјалите како и кај трошокот за вработени, но има раст кај аморитзацијата. Најголема трошковна ставка се вработените. За нив се исплатени 621.000 евра што е за 24 отсто помалку од истиот период лани. Најголемо процентуално кратење има кај трошоците за суровини и материјали и тоа за 61 отсто. Тие се 313.000 евра. Амортизацијата изнесува 252.000 евра што е за 23 отсто повеќе од истиот период лани. Оперативната загуба на друштвото е 438.000 евра, а со вклучените финансиски расходи , по ставање на цртата загубата е 442.000 евра
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.